Како да ја затегнете кожата на стомакот по драстичното слабеење?
Откако ќе го решите проблемот со вишокот килограми, посебно ако се работи за слабеење од 10-12 килограми или повеќе, се создава нов проблем – вишок кожа.
Ако ги следите овие 9 правила, враќањето на затегнатата кожа на стомакот ќе биде полесно, но секако, нема да се случи преку ноќ:
1. Верувале или не, од голема важност е квалитетот и квантитетот на спиењето. Односно, треба да спиете во темница, на температура од околу 18.3 степени и да не јадете барем 2 часа пред спиење.
2. Користете креми кои содржат витамин А.
3. Секој ден шетајте по барем 20 минути и правете вежби за зацврстување.
4. Практикувајте масажа со бадемово масло.
5. Внимавајте на нивото на холестерол и кортизол – ова влијае на влажноста, како и на квалитетот на кожата.
6. Секој ден консумирајте порција безмасен протеин.
7. Пилингот од свежо кафе, талог или кафе кое веќе било половично испиено е одличен домашен лек. Практикувајте го еднаш до двапати неделно.
8. Пијте околу 2,5 литри вода секој ден.
9. Не практикувајте ригорозни диети. На телото му се неопходни разни хранливи вредности, вклучувајќи ги и здравите масти.
Напомена: Сепак, секое тело е различно и не постои гаранција дека буквално кај секој може да функционираат сите методи. Со овие совети не може да очекувате да се случи „магија“ доколку имате премногу вишок кожа, но може да ги практикувате како дополнување на вежбањето и затегањето. Консултирајте се со стручни лица и проверете што најмногу ќе делува кај вас.
М. Д. | Црнобело