Македонка со фото доказ дека во 40-тите години во животот изгледа подобро отколку во 20-тите
„Ве предизвикувам да не старееме, да не се ограничуваме со години и општествени критериуми, да работиме на себе секој можен даден миг“, порачува дизајнерката Ивана Кнез.
Дизајнерката Ивана Кнез е позната по тоа што нема влакна на јазикот и отворено говори на секоја тема.
Таа на својот Инстаграм профил има 15.000 следбеници пред кои комплетно ја разголува душата, но и телото на моменти, сѐ со цел да порача дека најважно е да се чувствуваме удобно во своја кожа.
https://www.instagram.com/p/CGNCMblMI6a/
Со последната објава таа докажува дека годините се само бројка и нема потреба да се ограничуваме.
Дава фото докази дека самата таа изгледа подобро во 40-тите години во животот отколку во 20-тите и започнува предизвик сите да објават фотки од разни периоди во животот и да престанат да се ограничуваат од општествените критериуми како години и слично.
„Ми дадоа една одлична идеја да направам предизвик. Eве го! #challenge ве предизвикувам да не старееме, да не се ограничуваме со години и општествени критериуми, да работиме на себе секој можен даден миг и да си го создадеме светот кој гладно го сонуваме! Во едукацијата лежи основната моќ, во поддршката се чувствува иднината! А иднината им припаѓа на жените! Јас во 20-тите, 30-тите и сега веќе одам кон 40-тите! Ве предизвикувам да ме следите“, напиша Ивана Кнез.
https://www.instagram.com/p/CJ9Tq2lrHq8/
Повеќе фотки од неа:
https://www.instagram.com/p/CJhPpEUrVPH/
https://www.instagram.com/p/CI1VD1lLRkg/
https://www.instagram.com/p/CE4api6MJ5I/
С. С. | Црнобело