Украинка со коса долга неверојатни 1.8 метри - ја расте од 12-годишна возраст
Нејзината коса се влече по подот и е навистина тешка за одржување, но Алона смета дека токму во неа се крие нејзината моќ.
Алона Ануфриева (31) од Украина е адвокатка и мајка на едно дете, која од 12-годишна возраст е посветена на растењето на нејзината коса.
Косата ѝ е долга неверојатни 1.8 метри и таа важи за Рапунзел од реалноста. Така и се потпишува на Инстаграм, каде има 11.000 следбеници.
Aлона вели дека троши по речиси 80 евра месечно на продукти за нега на косата.
„Мислам дека моќта на жената е во нејзината коса и ми се допаѓа кога косата е толку долга како мојата“, вели таа.
Вели дека поголемиот дел од коментарите за нејзината коса се позитивни.
Прочитајте и „Ја растам веќе 16 години“ - Македонка има коса речиси до земјата
С. С. | Црнобело