„Правете што сакате во животот“: Совети од жени за кои годините се само бројка
„Правете што сакате затоа што луѓето во секој случај ќе ве критикуваат. Покажете им на луѓето дека грешат кога ви судат“, вели 53-годишната Сандрин.
Годините не ѝ можат ништо на убавината, а овие жени се доказ за тоа.
Понекогаш токму годините ве прават убави, затоа што знаете кои се вашите силни страни и во 50 или 60-тите години од животот се чувствувате најсамоуверено и удобно во својата кожа.
Совети од жени за кои годините се само бројка:
Норма Алкала (69)
„Јас не верувам дека треба да правите или не правите, да носите или не носите одредени работи на одредена возраст. Сметам дека секој од нас треба да има слобода да си го обликува животот така како што сака. Треба да експериментирате и да се забавувате!“
Евгенија Расел (65)
„Мојата мајка и баба уште од најмлади години ме научија на важноста на негата на кожата. Но, откако станав мајка малку потфрлив со тоа бидејќи се фокусирав на децата, но сега на помладата верзија од себеси би ѝ дала совет да не заборава на негата на кожата. Инаку, едноставно е, најважно е тоа што го носиме во нас – среќна жена е убава жена.“
Лин Шабински (58)
„Секое тело има различна големина, форма и боја. Но, кога ќе ја пронајдете убавината во себе, самодовербата ќе зрачи со вас. Запомнете дека не треба да се споредувате со другите за да можете да блеснете во полн сјај.“
Каролин Лабушер (56)
„Во текот на целиот свој живот треба да го слушате своето тело и внатрешниот глас за да знаете кога нешто не е во ред. Никогаш не одете против себе, само така ќе бидете среќни“
Сандрин Пикард (53)
„Правете што сакате затоа што луѓето во секој случај ќе ве критикуваат. Покажете им на луѓето дека грешат кога ви судат.“
С. С. | Црнобело