3 нијанси на сенка што најдобро ги истакнуваат сините очи
Сенката може да има огромна улога во нагласувањето на бојата на вашите очи.
Ако имате светли очи, сенките со топли нијанси се многу подобар избор за разлика од темните тонови. На овој начин нема да создадете многу голем контраст, па ќе се истакне бојата на вашите очи.
И за девојките со сини очи важи ова правило, а ако спаѓате во оваа категорија, погледнете кои сенки се најдобри за вас:
Кафеави нијанси
Кафената сенка одлично ја надополнува сината боја на очите. Можете да искористите неколку кафени тонови за да добиете „зачадени“ очи, а можете да употребите и само една нијанса.
Златни нијанси
Сјајот на златните сенки за очи изгледа феноменално во комбинација со сини очи. Во овој случај нема потреба да комбинирате неколку сенки – доволно е само златна за да постигнете одличен ефект.
Студени виолетови и сиви нијанси
Во овој случај станува збор за постудени виолетови нијанси, или комбинација од нив со сива сенка. Иако топлите бои се најдобар избор за сини очи, виолетовата и сивата им даваат посебен сјај.
Спирова С. | Црнобело