Зошто имате сува кожа во лето и како да се справите со неа?
Обично мислиме дека во летото ќе имаме проблеми со потење и мрсна кожа, но во топлите месеци многу честа појава е и сувоста.
Сувата кожа е чувствителна и може да предизвика чешање и осипи, но и да ги направи брчките повидливи.
Ако и вие имате сува кожа во лето, погледнете кои се можните причини за тоа и како да се справите со неа:
Пливање во базен или море
Хлорот во базените и солта во морската вода ја сушат вашата кожа. Затоа, веднаш после пливање, истуширајте се со обична вода.
Сончање
И сонцето ја суши кожата, а понекогаш можат да се појават и изгореници.
Секојпат кога ќе се истуширате после сончање, не заборавајте да нанесете хидратантна крема.
Заштитна крема
Кога се сончате, нанесувајте крема со висок заштитен фактор и осигурете се дека кремата ќе ве штити и од УВА, и од УВБ зраците.
Како да го спречите:
Kористете нежни препарати за чистење
Во текот на летото кожата може да лачи повеќе масти, па веројатно поради тоа користите препарати што ја сушат. Но, со ова можете само да ја влошите ситуацијата.
Најдобро е да користите поблаги средства за чистење, како мицерална вода, кои не содржат алкохол.
Климатизирани простории
Знаевте ли дека и клима уредот може да ја исуши вашата кожа? Ако често престојувате во климатизирана просторија, не ја заборавајте хидратантната крема.
Пијте многу вода
Ако не ја хидрирате кожата однатре, ниту еден од горните совети нема да ви помогне.
Во текот на летото губиме повеќе вода, па важно е и да пиеме повеќе.
Спирова С. | Црнобело