„Женски“ трикови за убавина што ќе ви заштедат многу време и пари

Променете го патецот за поголем волумен на косата, а кога купувате пудра, одберете нијанса со розов подтон.

zhenski-trikovi-za-ubavina-shto-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-i-pari-01.jpg

Понекогаш, дури и наједноставниот трик може да ви спаси многу време и пари, без разлика дали е за убавина, готвење или нешто сосем друго.

Кога станува збор за убавина, пак, некои трикови можат да заменат и професионалец.

Некогаш е доволно да направите само мала промена во вашата рутина за убавина, за да го добиете посакуваниот резултат.

Погледнете неколку вакви трикови што сигурно ќе ви бидат корисни:

Прво нанесете маска, а потоа шампон за коса

Ако сте како повеќето, веројатно прво нанесувате шампон, а дури потоа маска за коса. Но, ако го правите обратното, вашата коса ќе изгледа многу подобро.

На овој начин целосно ќе ја отстраните маската од косата и таа ќе биде многу полесна за обликување.

Променете го патецот за поголем волумен на косата

Многу жени го носат истиот патец на косата со години. Но, на овој начин косата брзо го губи волуменот.

За да го решите овој проблем, одвреме-навреме менувајте го патецот на косата и не само што ќе имате повеќе волумен, туку, на некој начин, ќе имате и нова фризура.

zhenski-trikovi-za-ubavina-shto-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-i-pari-02.jpg

Користете комбинација од обична и водоотпорна маскара

За маскарата да ви трае подолго, прво нанесете обична маскара, а потоа нанесете тенок слој водоотпорна.

Со обичната маскара подобро ќе ги обликувате трепките, а со водоотпорната ќе се осигурите дека шминката ќе ви трае подолго.

zhenski-trikovi-za-ubavina-shto-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-i-pari-03.jpg

Не ја менувајте температурата на водата додека го миете лицето

Постои верување дека топлата вода ги отвора порите, а студената ги затвора. Но, експертите велат дека порите не се мускули за да можат да се „отвораат“ и „затвораат“, а се прошируваат од сосем други причини.

Најдобро е да го миете лицето со топла вода, која ќе го спречи претераното сушење на кожата, но и претераното лачење масти.

Одберете пудра со розов подтон

Според мејкап артистите, овие пудри ќе ви помогнат да добиете најприродна нијанса на лицето. Истовремено, пудрите со оваа нијанса можат да направат вашето лице да изгледа помладо.

Важно е само да ја погодите нијансата што најмногу одговара на вашата кожа.

zhenski-trikovi-za-ubavina-shto-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-i-pari-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg