Тајните на Наоми Кемпбел за убаво лице и мазна кожа
Факт е дека Наоми Кемпбел е еден од најдобрите супермодели на сите времиња. На 22 мај наполни 50 години, но речиси никој не би рекол дека изгледот ѝ соодветствува на возраста.
Јасно е дека таа поминува многу време на грижа за своето лице и тело.
Кои се нејзините тајни за совршена кожа?
„Денот го започнувам со хидратациона крема и течен сапун за лице. Користам масло од роза кое во себе содржи витамин Ц“.
„Секој ден правам пилинг на лицето, а хидратацијата ми е најзначајна ставка за лицето. Мојата кожа не делува суво, а за тоа користам креми, маски и останати производи кои ја влажнат кожата. Секогаш се трудам да вежбам без шминка на лицето“.
„Денот го започнувам со топла лимонада и пробиотик. Никогаш не пијам кафе, практикувам билни чаеви. Потоа се туширам и продолжувам со останатите дневни обврски“.
„За туширање користам исклучиво сапуни за бебе затоа што не можам да поднесам ароматизирани гелови“.
„Со оглед на тоа што често патувам, ми се случува да јадам сè и сешто. Затоа од време на време правам детоксикација на организмот. Еднаш во месецот, два дена неделно пијам само овошни сокови“.
Е. П. | Црнобело