Сината сенка за очи е повторно во мода – Идеи за шминка во оваа боја

Сината сенка е еден од трендовите што ги обележаа 80-тите, а по сè изгледа ќе стане обележје и на оваа година.

sinata-senka-za-ochi-ostanuva-vo-moda-kako-da-ja-nosite-ovaa-sezona-01.jpg

Сепак, понекогаш може да биде тешко да ја комбинирате, па ако ретко експериментирате со изгледот, веројатно ја избегнувате. Но, нема потреба од тоа.

Можеби периодов баш и немате за каде да се нашминкате вака, но може да се „вежбате“ и да ја усовршите сината шминка.

Во продолжението погледнете неколку одлични идеи за како да ја носите сината сенка за очи:

Сини „зачадени очи“

Најпрво, важно е да ја најдете најдобрата нијанса на сина за вас. На светли очи подобро стојат светли нијанси, а ако имате темни очи, одберете потемна сина. Се разбира, можете да го прекршите и ова правило.

Сините зачадени очи најдобро стојат со кармин во боја на кожа.

sinata-senka-za-ochi-ostanuva-vo-moda-kako-da-ja-nosite-ovaa-sezona-02.jpg

sinata-senka-za-ochi-ostanuva-vo-moda-kako-da-ja-nosite-ovaa-sezona-03.jpg

Во комбинација со туш за очи 

Можете да ја комбинирате сината сенка со сива, а да го дополните изгледот со црн туш за очи.

Овде важи правилото „помалку е повеќе“, па остатокот од шминката сведете го на минимум.

sinata-senka-za-ochi-ostanuva-vo-moda-kako-da-ja-nosite-ovaa-sezona-04.jpg

Различни нијанси сина

Летото е одличен период да си играте со нијансите, па слободно комбинирајте светли, темни, светкави и мат нијанси во еден изглед.

Можете да искористите сенка со потемна сина и моливче со посветла сина боја, нанесете малку маскара, ставете светло розово руменило и кармин со иста боја.

sinata-senka-za-ochi-ostanuva-vo-moda-kako-da-ja-nosite-ovaa-sezona-05.jpg

sinata-senka-za-ochi-ostanuva-vo-moda-kako-da-ja-nosite-ovaa-sezona-06.jpg

Студени нијанси

Можете да одберете и сина сенка со постудена нијанса, која наликува на сребрена.

И сребрените нијанси најдобро изгледаат со кармин во боја на кожа или сјај за усни.

sinata-senka-za-ochi-ostanuva-vo-moda-kako-da-ja-nosite-ovaa-sezona-07.jpg

sinata-senka-za-ochi-ostanuva-vo-moda-kako-da-ja-nosite-ovaa-sezona-08.jpg

Сина маскара

Одличен спој се и небесно сината сенка и маскарата со иста нијанса. Оваа комбинација е одлична за потемни очи.

Во овој случај најдобро е да ја соберете косата, за да се истакнат вашите очи.

sinata-senka-za-ochi-ostanuva-vo-moda-kako-da-ja-nosite-ovaa-sezona-09.jpg

Тегет сенка како туш за очи

Ако сметате дека сината сенка е премногу за вас, можете да ја употребите и како ајлајнер, така што ќе ја нанесете само на работ од очните капаци.

sinata-senka-za-ochi-ostanuva-vo-moda-kako-da-ja-nosite-ovaa-sezona-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg