Разубавување во домашни услови: направете си маски за лице

Кога веќе имате слободно време, зошто да не го искористите за разубавување во домашни услови. Секој ден можете да испробате различна маска за лице. Ќе ви годат моментите за себе, а и навистина ви е потребно да се чувствувате убаво кога веќе сте дома.

razubavuvanje-vo-domasni-uslovi-napravete-si-maski-za-lice-01.jpg

Пред нанесување, измијте го лицето со млака вода за да ги отворите порите и употребете мек пешкир.

1. Маска со мед:

Размачкајте го медот на кожата и оставете да отстои 15 до 30 минути. Измијте го лицето со топла вода и исушете го со мек пешкир и ладна вода за да ги затворите порите.

2. Маска од банана:

Изгмечете една презреана банана и размачкајте ја на лицето. Измијте го лицето по 15 до 20 минути, со топла вода.

razubavuvanje-vo-domasni-uslovi-napravete-si-maski-za-lice-02.jpg

3. Маска со мед, јогурт, сок од лимон и куркума:

Потребна ви е една лажица мед, 2 лажици јогурт, 1 лажица сок од исцеден лимон и прстофат куркума.

Измешајте ги сите состојки и со нежни движења и масажа, нанесете ја маската на лицето и оставете ја да стои околу 10 минути. Исплакнете го лицето со млака вода.

razubavuvanje-vo-domasni-uslovi-napravete-si-maski-za-lice-03.jpg

4. Маска од јајца:

Ако сакате да го затегнете лицето, пробајте маска со јајца. Изматете две белки со лажичка, и смесата нанесете ја на лицето. После 15 минути исчистете го лицето со влажно памукче.

5. Маска од марула:

Марулата ја враќа влажноста на лицето. Листовите од зелената салата прелијте ги со жешка вода за да омекнат, а кога ќе се процедат и изладат, ставете ги на лице 20 минути.

Совет плус: доколку имате проблематична кожа, сепак не експериментирајте со ваков тип маски.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg