5 навики за кои младите девојќи ќе си бидат благодарни по 10 години
Иако генетиката игра голема улога кога станува збор за начинот на кој изгледаме, негата, грижата и пред сè нашите навики играат уште поголема улога во овој процес.
Некогаш и најобичната навика како пиење чаша вода наутро може многу да придонесе во тоа како ќе изгледаме за 10 години.
Бенефициите од практикувањето на здравите навики не секогаш се видливи од денес за утре, но тие си го прават своето кога станува збор за нивната ефикасност.
Можеби во првите неколку недели спроведувањето на овие 5 навики ќе ви изгледа малку тешко и необично, но штом се приспособите на нив веднаш ќе се чувствувате подобро.
Во продолжение прочитајте кои се 5-те клучни навики за кои ќе си бидете благодарни самите на себе за 10 години:
Нанесувајте крема за сончање на лицето постојано дури и во облачни денови
Не чекајте да дојде лето за да нанесете крема за сончање на вашето лице. Дури и во зимските, облачни и мамурни денови имајте ја оваа навика и практикувајте ја затоа што вашето лице ќе ви биде благодарно за многу брзо време.
Исто така никогаш не го заборавајте и вратот и деколтето.
Вода, вода и само вода
Сите ги знаеме придобивките на водата и колку е таа важна за нас, но изгледа како некои едноставно да ја занемаруваат и игнорираат оваа навика. За да се навикнете што побрзо да пиете по минимум 2 литра вода на ден, каде и да одите земете си мало шишенце со вас да имате прирака во секој дел од денот.
Обичната навлака за перница заменете ја со свилена
За да го забавите стареењето и да се ослободите од брчките на лицето обичната навлака заменете ја со свилена. Додека спиеме постојано го триеме лицето од перницата, па затоа е многу важно со каков материјал е обложена истата.
Заменете ги обичните ластици за коса со спирали
Обичните ластици за коса најчесто ја уништуваат и прекршуваат истата, па затоа заменете ги со спирали за коса. Ластичињата за коса се најголемиот непријател доколку водите битка со слаба коса која има тенденција да опаѓа.
Спиралите се исто така многу практични и ги има во повеќе бои, а не предизвикуваат главоболки или болка во вратот, за разлика од обичните стегачи за коса.
Држете ги нозете високо кренати секој ден по 10 минути
Легнете на грб и одморете си ги нозете високо кренати на ѕидот, правејќи агол од 90 степени, секој ден по 10 минути најмалку. Оваа положба многу помага при циркулацијата на крвта во телото, а исто така и со борбата против целулитот.
Т. Ѓ. | Црнобело