4 чудни трикови за шминка и убавина од славните
Без никакво сомнение и дебата, сите можеме да се согласиме дека познатите личности се можеби најголемите инфлуенсери кога станува збор за шминката.
Од едноставниот трик на Бела Хадид за убава и здрава кожа, па сѐ до тајната на Бијонсе за совршени веѓи, дел од најголемите диви во Холивуд се служат со многу едноставни, но чудни трикови кога станува збор за нивната шминка и убавина.
Погледнете ги 4-те чудни трикови за убавина кои славните личности ги обожаваат:
Бијонсе
Мејкап артистот на Бијонсе има „издадено“ една од нејзините тајни за убава и сјајна кожа. Бијонсе не користи крема за лице и ја заменува со крема за очи.
Исто така, за нејзините веѓи не користи гел за веѓи, туку гел за коса или, пак, лепак за надградба на коса, затоа што верува дека така подолго време ќе останат на своето место.
Бела Хадид
Бела секое утро го мие лицето со многу ладна вода. Таа има изјавено дека оваа техника ја научила за време на едно патување во Јапонија, од некој познат јапонски мејкап артист. Се верува дека оваа техника резултира со добра и сјајна кожа без мозолчиња.
Марго Роби
Марго во едно интервју има изјавено дека користи четка за заби или, пак, мала четка за веѓи за да ја оттргне пудрата од рабовите на косата. Таа тврди дека кога го избегнува трикот, нејзината пудра изгледа ужасно и непрофесионално.
Миранда Кер
Наместо да троши пари на виткачи за трепки, Миранда користи обична, метална лажица за јадење. Овој трик го научила од мејкап артист зад сцената на некое модно шоу, уште на почетокот од нејзината кариера.
Т. Ѓ. | Црнобело