Како да го добиете тенот од соништата?
Иако можеби одењето во солариум и лажниот тен се многу поедноставни, постојат многу причини зошто го сакаме сонцето. Имено, сончевата светлина го зголемува нивото на серотонин, а покрај тоа, од сонцето добиваме и витамин Д, кој е добар за нашите коски, заби и кожа.
Сепак, претераната изложеност на сонце, и тоа без заштита, може да предизвика прерано стареење на кожата, изгореници, па дури и да го зголеми ризикот од рак.
Па за да го извлечете најдоброто од вашиот тен, а притоа да бидете заштитени, следете ги овие совети.
Одберетего правилниот крем за сончање
Важно е да знаете дека кремот за сончање е задолжителен. Ако мислите дека тоа ќе го забави потемнувањето на кожата, размислете повторно. Вашата кожа се обновува, па колку побавно потемнувате, толку подолго ќе ви трае тенот. Нанесувајте средство на секои 2 часа и после секое излегување од вода.
Нежна и редовна ексфолијација
Пред сончање ексфолирајте ја вашата кожа за да се ослободите од мртвите клетки. Доколку ја прескокнете ексфолијацијата, може да завршите со нерамномерен тен. Ако веќе имате малку боја, триете го телото нежно за да го зачувате тенот. Можете да употребувате купечки пилинг, или да направите ваш со состојки како шеќер, мед, кафе и маслиново масло.
Нанесете хидратантна крема пред и после сончање
Тенот изгледа многу подобро на мека кожа. Ноќта пред да се сончате нанесете хидратантна крема. Фокусирајте се на проблематичните места, онаму каде што кожата ви е посува. Исто така, не заборавајте да пиете многу течности за да ги одржите телото и кожата хидрирани.
Движете се
Последното нешто што го сакате е да бидете шарени. Па, не заборавајте да се движите за да го изложите целото тело на сонце. Кога се сончате на грб, кренете ги рацете над вас, а кога се сончате на стомак, повторно оддалечете ги рацете од телото. Менувајте ја положбата на секои 15 до 30 минути.
Внимавајте на времето
Лекарите препорачуваат да го избегнувате сончањето помеѓу 10 часот наутро и 4 часот попладне, дури и кога е облачно. Последното нешто што сакате да ви се случи е да изгорите и да ја оштетите вашата кожа. Имајте на ум дека штом ќе изгорите, изгорениците нема да се претворат во бронзен тен. Црвената дефинитивно не е ваша боја, а сигурно нема да ја сакате ни болката.
Истуширајте се после сончањето
После сончањето истуширајте се со топла или студена вода за да ги отстранете кремата за сончање, маслата, солта или песокот од вашата кожа. После туширање нанесете хидратантна крема. Најдобро е да нанесете лосион со алое вера што ќе ја смири кожата.
Консумирајте ја вистинската храна
Познато е дека одредени прехранбени продукти го зголемуваат нивото на ликопен, природниот заштитен фактор на кожата. Ова е антиоксиданс што се наоѓа во доматите и други црвени и портокалови овошки и зеленчуци.
Зелениот чај е исто одличен за вашата кожа бидејќи е богат со антиоксиданси. Темното чоколадо е полно со флавоноиди што ќе ве заштитат од изгореници, додека кофеинот може да го намали ризикот од рак. Некои експерти препорачуваат да испиете шолја еспресо пред да одите на плажа.
Спирова С. | Црнобело