Од Одри Хепберн до Џеки Кенеди: Познатите дами и нивните омилени парфеми
Ава Гарднер
Оваа актерка се поврзува со два добро познати мириси во парфемскиот свет. Едниот е „Fleurs de The Rose Bulgare“ на Creed и „Mitsouko“ наGuerlain. Исто така, во својата колекција го имала и „Fracas“ на Robert Piguet.
Одри Хепберн
Givenchy го креирал „L'Interdit“ специјално за Одри Хепберн во 1957 година. Најпрво, таа не сакала овој парфем да биде достапен за купување, но ја сменила одлуката и во 1960-та станува еден од најпопуларните парфеми на ovoj brend.
Во себе парфемот содржи ноти на бергамот, роза, јасмин, ирис, нарцис и сандаловина. Во подоцнежните години таа го користела парфемот „Spring Flower“ на Creed, исто така креиран по нејзина желба.
Кетрин Хепберн
Таа била фан на работата на модната куќа Guerlain, особено на нивниот парфем од 1933 година, „Vol de Nuit“, инспириран од книгата на Антоан де Сент-Егзипери, со наслов „Ноќен лет“.
Во шишенцето може да се најдат ноти на бергамот, јасмин и ванила.
Рита Хејворт
Хејворт го обожавала безвременскиот „Shalimar“ на Guerlain, парфем за кој се верува дека е добиен откако Жак Герлан ставил ванила во шишенце со нивниот дотогашен бестселер „Jicky“.
Во својата колекција, исто така, Хејворт го имала и „Arpege“ на Lanvin.
Е. Д. | Црнобело