Од Одри Хепберн до Џеки Кенеди: Познатите дами и нивните омилени парфеми
Секоја жена го избира омилениот парфем според мирисните ноти коишто ѝ се допаѓаат и коишто го надополнуваат нејзиниот стил.
Многу често, жените се вљубуваат во еден мирис и тој станува нивни заштитен знак.
Кога се зборува за дами и парфеми, неизбежно е да се спомне Мерилин Монро и нејзината лојалност кон „Chanel No. 5“ на Коко Шанел. Сепак, тоа не бил нејзиниот единствен омилен парфем.
Погледнете кои парфеми се заштитен знак на легендарните познати дами:
Мерилин Монро
Во 2002 година беше откриено дека освен „Chanel No. 5“, актерката во своето орманче редовно го имала и парфемот „Floris Rose Geranium“.
Првпат го добила во пакет со подароци за време на снимањето на „Some Like It Hot“. Денеска овој парфем не се произведува, но неговиот мирис постои во форма на есенцијална купка за бањање.
Џеки Кенеди
Таа користела неколку парфеми, но нејзин најомилен бил „Joy“ на Jean Patou, познат како еден од најскапите парфеми во светот. За само едно шишенце се потребни 10.000 цветови од јасмин и латици од 28 дузини рози.
Неговото производство исто така е тешко, со оглед на тоа дека голем дел од есенцијалните масла се извлекуваат рачно од состојките. Во 2000 година е прогласен за мирис на векот. Овој парфем е омилен и на актерката Вивиен Ли.
Грејс Кели
На денот на својата венчавка со принцот Рение, Грејс Кели го носела парфемот „Fleurissimo“ на брендот Creed. Creed, пак, се познати по тоа што се омилена парфемска куќа на повеќе кралски семејства во светот, вклучувајќи го и британското.
Принцот Рение го нарачал овој парфем специјално за неговата сопруга. Содржи ноти на бергамот, тубероза, ирис и бугарска роза.
Елизабет Тејлор
Пред да ги лансира своите брендирани производи и парфеми, Елизабет Тејлор била лојална на парфемот на Jean Desprez, „Bal a Versailles“.
Се работи за унисекс ориентален мирис со ноти на рузмарин, сандаловина, цвет од портокал и ванила. Го носела и додека ја глумела Клеопатра, а подоцна му го подарила и на нејзиниот пријател Мајкл Џексон, кој го купувал овој мирис доживотно.
Натали Вуд
Како љубител на гарденијата (ја има дури и на нејзиниот гроб), сосема очекувано е дека омилен парфем на актерката ѝ бил „Jungle Gardenia“.
Покрај основната нота, во овој ориентален парфем може да се најдат и горчливи ноти на бадем, портокал и тубероза. Нејзината ќерка Наташа Грегсон Вагнер, во 2015 година издаде парфем којшто го носи името „Natalie“ и е инспириран од омилените мириси на актерката.