5 одлични фризури за летните музички фестивали
И бидејќи овие настани се одлична прилика да слушнеме добра музика, да се опуштиме и позабавуваме со нашето друштво, тие се одлична прилика и да го покажеме нашиот личен стил. А дел од нашиот стил, се разбира е косата.
Неколку одлични идеи кои може да ви помогнат како да ја стилизирате својата коса за следниот музички фестивал:
Две пунџи
Еден од најпрепознатливите и најлесните начини да ја стилизирате својата коса е токму оваа фризура. Станува популарна со познатиот филм „Војна на Ѕвездите“ и принцезата Леа, а денес речиси сите славни личности ја носат својата коса на овој начин барем еден ден на најпознатиот музички фестивал Coachella.
Мали плетенки
Ова е уште еден изглед кој може да ви помогне да останете запаметени на секој настан ова лето. Можеби ќе ви одземе повеќе време додека да го завршите комплетниот изглед, но на крај ќе изгледате неверојатно кул и спремни за журка
Додатоци за коса
Доколку немате многу време за размислување и не сакате да експериментирате, тогаш само еден додаток на вашата коса може да ви го даде посакуваниот ефект. Повеќе не значи секогаш подобро.
Коса во боите на виножитото
За сите кои имаат храброст да експериментираат со бојата на својата коса, фарбањето во сите бои на виножитото дефинитинвно ветува впечатлив изглед.
Можеби ќе ви одземе малку повеќе време и секако, ќе мора да се обратите кај вашиот фризер, но дефинитивно ќе останете запаметени како девојката со коса во сите бои на виножитото.
Едноставна плетенка или растурена пунџа
И за сите кои немаат многу време за да планираат неверојатни фризури, растурена пунџа или едноставна плетенка може да изгледааат подеднакво тренди.
Доколку направите и спој на овие два начина на стилизирање на косата, може да постигнете уште поатрактивен изглед.
К. Д. | Црнобело