Среќните девојки кои користат Lumea

Што велат Ане, Ана, Марија и Ирена за нивното искуство од користењето на Lumea.

srekjnite-devojki-koi-koristat-lumea-7-002.jpg

Заедничкото за Ане, Ана, Марија и Ирена, освен буквата “а” во нивните имиња J е и нивната мазна кожа без влакна, во која опуштено уживаат и се гордеат, без разлика на сезоната.

Тие се прекрасни девојки, со секојдневни обврски и проблеми како и сите нас... Добро, со еден проблем помалку – тие можат да уживаат во беспрекорно мазна кожа во текот на целото лето, ослободени од грижите од несаканите влакна.

Во продолжение, девојките одговараат на неколку кратки прашања, кои ќе им помогнат на сите оние кои сеуште се двоумат, зошто Philips Lumea е толку добар!

Запознајте ги:

srekjnite-devojki-koi-koristat-lumea-1.jpeg   srekjnite-devojki-koi-koristat-lumea-2.png srekjnite-devojki-koi-koristat-lumea-3.jpeg srekjnite-devojki-koi-koristat-lumea-4.png

Ана
Black.angel.noir -
позната форумџика,
релевантен извор
на искуства

Марија
Иден лекар и борец
за подигнување на свеста за здравјето, зависник од
адреналин и
позитивна
енергија.

Ирена
Битолчанка која плени
со својата
великодушност,
посветена мајка
и сопруга

Ане
Вљубена во патувањата
и пасиониран љубител
на здравиот начин на живот.
Следете ја на Instgram
и дознајте повеќе
за нејзиното искуство
од користењето
на Lumea

1. Како се запознавте со Лумеа?

Ана: За Лумеата дознав од еден текст кој ја поттикна мојата љубопитноста за домашна фотодепилација.

Марија: YouTube ни беше посредник. Гледав видео за начинот на употреба, па почнав да читам и истражувам сѐ околу методата, како и искуствата на корисници низ светот. На крај си дадов зелено светло и тоа беше најверојатно најдобрата одлука во мојот живот.

Ирена: Се запознавме случајно, барав на нет докажан метод за долготрајно отстранување на влакната

Ане: Потајно си ја посакував долго време. АМА, кога ме побараа од Philips и ми понудија да ја тестирам, мислам дека ќе се превртев од среќа.

2. Пред да започнете со употребата на Lumea, каков метод за отстранување на влакната користевте и што најмногу ви пречеше кај тој метод?

Ана: Најчесто употребував ленти со ладен восок или пак жилет. Најголемиот проблем за мене беше иритирана коза , црвенила како и потребата пречесто да ги отстранувам влакненцата

Марија: Користев електричен епилатор и депилација со ладен восок, но најчесто тоа завршуваше со некомплетно отстранување, црвенило и враснати влакна кои всушност најмногу ме мачеа. Се обидов и со депилација со шеќерна паста, но со потполно ист исход, плус модринки. Во принцип - еден куп залудно потрошени пари.

Ирена: Наизменично користев депилација летно време, ама беше болно? и бричење кое што ми правеше иритација на кожата

Ане: Депилација со восок, каде што најмногу ми пречеше болката за време на третирањето на одредените делови од телото

srekjnite-devojki-koi-koristat-lumea-7-001.jpg

3. Кога го започнавте привиот третман?

Ана: Првото запознавање и првиот третман започна на 17.03.18 и од тогаш сме неразделни секои 2 недели J

Марија: Според моите белешки, дружбата започнала на 20.01.2016.

Ирена: Пред точно една година

Ане: Пред еден месец. Поточно на 24ти март.

4. По колку третмани забележавте резултати?

Ана: Кај мене веднаш имаше ефект веднаш по првиот третман, најмногу воочлив на пазувите.

Марија: За мене драстичната разлика дојде по четвртиот третман, оттогаш влакната почнаа сами да паѓаат, имав видливи делови од нозете кои беа потполно без влакна.

Ирена: Искрено после 3-от третман почна да се забележува дека влакната полека исчезнуваат, а јас бев пресреќна, а истовремено не ми се веруваше дека е можно и реално сето тоа J

Ане: По вториот третман можам да кажам дека веќе резултатите се забележителни.

5. Кој беше првиот впечаток кога го видовте апаратот?

Ана: Добро дојде мое најдобро другарче за разубавување!

Марија: “Нема шанси ова мало чудо да се справи со инаетот на моите влакна" беше реченица што си ја повторував со очај првите два третмани. А потоа - изненадување! И тоа многу убаво изненадување 

Ирена: хммммм,  можно ли е ова чудо да ми го реши проблемот?

Ане: Супер (со насмевка, ама некако скептично)

srekjnite-devojki-koi-koristat-lumea-7-003.jpg

6. Што ви беше првото што ви падна на памет кога видовте дека постои решение за долготрајно мазна кожа?

Ана: Долго чекав вакво нешто! Збогум досадни влакненца и исеченици, добредојде мазна кожа!

Марија: Ми треба апаратов. Под итно

Ирена: Е мора да те имам

Ане: Искрено - Сомнеж. Бев скептична дека навистина постои таква можност без некои нуспојави. (поради зрачењето на кожата). Но, кога прочитав повеќе за Lumea се уверив дека при нејзина употреба не постојат нуспојави. А и се уверив, сега кога ја користам.

7. Која зона ја третирате?

Ана: Пазуви, надусници, раце, нозе и препони.

Марија: Нозе, бикини зона, раце а пред неколку недели се охрабрив и со додатокот за лице почнав со третирање на надусниците.

Ирена: Секаде, ама уште не сум се охрабрила за бикини зоната. Ама и тоа ќе биде, каде и да е

Ане: Нозе, раце, пазуви и надусница.

8. Дали боли?

Ана: Воопшто не, чувството е блага топлина на кожата

Марија: Девојки сме, што е тоа болка? Не, воопшто не боли, можеби ретко минимално пецка, но само ако сум заборавила да отстранам некое влакно при подготовката. Го користам додека гледам филмови, така што пецкањето е незабележително.

Ирена: Не. Ни малку.

Ане: Реторичко е прашањето? Не воопшто не боли

srekjnite-devojki-koi-koristat-lumea-5-1.jpeg

9. Во која зона забележавте најмногу резултати?

Ана: На пазувите, воедно мојата најпроблематична зона за третирање.

Марија: Секаде, навистина не би можела да издвојам една специфична зона.

Ирена: Под пазуви. Дури не ми се верува дека немам повеќе влакна

Ане: Под пазуви, после вториот третман.

10. Вашата препорака за оние кои се уште се двоумат дали да ја купат?

Ана: Не знаете што пропуштате! Мојата кожа е преблагодарна !

Марија: Да следат совети од оние што веќе ја купиле, внимателно да го прочитаат упатството и да си ја набават додека сѐ уште не дошле деновите за плажа и бикини. За мене, Lumea вреди многу повеќе од она што го очекував.

Ирена: Воопшто да не се двоумeте доколку имате проблем со влакнатоста, земете ја, секој денар што е даден за Lumea се исплаќа. Според мене Lumea е благослов кој што не смее да се пропушти. Прв пат по толку години слободно го чекам летото!

Ане: Топло го препорачувам, бидејќи слободно можам да кажам само со два зборови: LUMEA, ДА! И конечно ќе го почувствувате она чувство на задоволство. ? Идеален апарат за идеално решение за мазна кожа. ?

А, за сите оние на кои им е потребно дополнително уверување, оваа сабота 28 април, во периодот од 16-20 часот, на приземје во City mall во Скопје, Philips Lumea тимот ќе биде достапен за девојките кои можат во живо да го видат уредот, да се запознаат со него и неговите перформанси!

И, најдоброто за крај! До крајот на месецот, Philips Lumea е достапна со неверојатни 20% попуст или на 36 рати без камата. Може ли подобар подарок за за летово од совршено мазна кожа без влакна?

srekjnite-devojki-koi-koristat-lumea-7-004.jpg

Дознај повеќе овде>>>

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
14 најголеми трансформации на светските модели низ годините (фото) Ирина Шајк, Наоми Кемпбел, Кејт Мос... Колку се смени ликот на познатите манекен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg