Пепелаво виолетова: Хит боја за коса во нијанси на лаванда (фото)

Таа го преплави Инстаграм тековната пролет. Трендсетерките ја обожаваат, па веќе има илјадници фотки од кои може да се црпи инспирација.

pepelavo-violetova-hit-boja-za-kosa-vo-nijansi-na-lavanda-foto-1.png

Виолетовата е дефинитивно боја на годината. Со оваа титула ја круниса и познатиот институт Pantone, па се наметна како еден од најголемите сезонски трендови во модата, а сега и во светот на убавината.

И, додека на модната сцена доминира нежната нијанса на лаванда, на косата се носи т.н. пепелаво виолетова. Таа е смела и впечатлива, а во исто време нежна и суптилна, па нема да им остави ексцентричен впечаток на другите луѓе.

pepelavo-violetova-hit-boja-za-kosa-vo-nijansi-na-lavanda-foto-2.jpg

Одлично се вклопува со сите комбинации на облека. Притоа, го освежува и осветлува ликот, ласкајќи му на секаков тен на кожата. Секако, не станува збор за само една боја, туку за поширока палета на тонови, коишто умешно го емитираат ефектот на лаванда.

Хит нијансата е најлесно да ја постигнете ако сте русокоса.  Од друга страна, бринетите и црнките ќе мора да пројдат низ процес на осветлување, но не драматично. Може да ја офарбате целата коса, да си направите прамени, или, пак, омбре.

pepelavo-violetova-hit-boja-za-kosa-vo-nijansi-na-lavanda-foto-3.jpg

Во моментов, пепелаво виолетовата коса е вистински хит на социјалните мрежи,така што лесно е да пронајдете инспирација за вашата нова тренди фризура.

Доколку ја впишете на Инстаграм, ќе наидете на  илјадници тазе фотки. Инфлуенсерките и модните блогерки ја обожаваат, а се очекува да ги „ископираат“ и останатите стилски освестени дами.

pepelavo-violetova-hit-boja-za-kosa-vo-nijansi-na-lavanda-foto-4.jpg

Дали сте и вие една од нив? Пред да одговорите на прашањето, погледнете неколку интересни и прекрасни идеи на оваа тема, па размислете дали ќе му одолете на најжешкиот тренд оваа пролет:

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg