Женски трендови кои порано беа „ин“, но сега прават да изгледате старомодно

Модата се менува со брзина на светлината, па за да облечете нешто старомодно, веќе не мора да барате во гардероберот на вашата баба, туку во вашиот.

modni-trendovi-od-minatoto-koi-treba-da-gi-zaboravite-bidejkji-go-unishtuvaat-izgledot-01.jpg

Понекогаш, старите трендови од времето на нашите баби се враќаат во мода, но некои, со сигурност треба да ги заборавиме некое време.

Па така, без разлика дали се работи за облека, шминка или целосен изглед, проверете дали се држите уште до некој од следниве трендови.

Ако одговорот е да, време е да ги промените:

Хулахопки во боја

Нивната популарност заврши уште пред многу години, а мажите повеќе ги привлекува кога ќе ја видат бојата на кожата.

Па доколку не сакате обични, хулахопките во боја заменете ги со оние во модерен дезен.

modni-trendovi-od-minatoto-koi-treba-da-gi-zaboravite-bidejkji-go-unishtuvaat-izgledot02.jpg

Рамни густи шишки

Секоја девојка која сонувала да изгледа како барбика, сега има модерна замена за таа фризура. Природна, долга, негувана и без шишки.

modni-trendovi-od-minatoto-koi-treba-da-gi-zaboravite-bidejkji-go-unishtuvaat-izgledot-03.jpg

Цртање на веѓи

Многу одамна, ова беше вистински тренд, но сега со цртаните веѓи може само да изгледате смешно, бидејќи повеќе се почитуваат природните.

modni-trendovi-od-minatoto-koi-treba-da-gi-zaboravite-bidejkji-go-unishtuvaat-izgledot-04.jpg

Тенки веѓи

Исто како и претходната точка, во минатото во мода беа тенките веѓи, па многумина се навикнале на тој изглед и продолжиле да ги прават такви.

Но, време е за природна убавина со подебели, па дури и малку разбушавени веѓи.

modni-trendovi-od-minatoto-koi-treba-da-gi-zaboravite-bidejkji-go-unishtuvaat-izgledot-05.jpg

Контурирање на лицето

Овој тренд беше популарен до неодамна и не можевме да доброиме колку слоеви на шминка треба да ставиме за да изгледаме совршено.

Но, според блогерите, таа ера помина и сега се препорачува меко, нежно и природно лице, со мало нагласување на цртите.

modni-trendovi-od-minatoto-koi-treba-da-gi-zaboravite-bidejkji-go-unishtuvaat-izgledot-06.jpg

Креми за самопотемнување

Факт е дека со потемен тен изгледате многу подобро, бидејќи добивате боја на кожата, посебно ако сте многу бледи.

Но, со кремите за самопотемнување може да изгледате само смешно бидејќи разликите се воочливи.

Подобро сончајте се на сонце природно, во период кога тоа не е штетно.

modni-trendovi-od-minatoto-koi-treba-da-gi-zaboravite-bidejkji-go-unishtuvaat-izgledot-07.jpg

Бајковити впечатливи фустани

Порано се знаеше дека девојките за сите свечени пригоди бираа впечатливи фустани како на принцеза, бидејќи сакаа така да привлечат внимание и тоа беше во ред.

Но сега, префинетите, елегантни и едноставни фустани се подобра опција за било какви настани.

modni-trendovi-od-minatoto-koi-treba-da-gi-zaboravite-bidejkji-go-unishtuvaat-izgledot-08.jpg

Лакирани чевли и чанти

Сјајните лакирани чевли изгледаа добро на младите девојки во минатото, но модерните дами секогаш бираат класични модели со материјал кој не блеска.

modni-trendovi-od-minatoto-koi-treba-da-gi-zaboravite-bidejkji-go-unishtuvaat-izgledot-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали кои не ги забележувате во изгледот, но поради нив делувате неуредно Темни траги на прстите од прстените, неразмачкана пудра, остатоци од долготраен ...
Најубавите трендови за пролетен маникир 2024 (фото) Дискретни цветови, млечни нијанси кои се прелеваат, пастелни бои и многу живост....
Предлози за нокти: Топ 6 есенски трендови Ноктите во боја на чоколада прават да се чувствувате „cosy“ (топло и пријат...
8 навики поради кои изгледате (многу) постаро отколку што сте Ако претерувате со пилинзи, ќе ја оштетите кожата и ќе изгледате постаро. Кои др...
Омбре усни, фризури во стилот на '90-те: Совети за матурска шминка и фризура од Даниел Николовски „Кај шминката доминираат омбре усни. Со моливче се исцртуваат контурите на устат...
Предлог фризури со панделки: Тренд што ќе им се допадне на елегантните девојки (фото) Фризурите со панделки стануваат мошне популарни, а изгледаат навистина елегантно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg