Модели со необична убавина чија храброст е инспирација за девојките кои се срамат од недостатоците
Голем нос, празнина помеѓу забите, прекумерна тежина и други недостатоци на телото, не претставуваат пречка доколку се сакате самите себе.
Но, повеќето девојки се срамат од нив и поради тоа се повлекуваат во себе и не помислуваат на истакнување на истите.
Сепак, постојат модели, кои одлучиле да се спротивстават на ова непишано правило и наместо да се кријат, тие постојано ја истакнуваат нивната нестандардна убавина.
Тие сметаат дека да се биде совршен е досадно, а да бидете свои и оригинални е многу подобро и похрабро.
Овие девојки служат како инспирација за сите оние кои се срамат од себе, а гледајќи во нив, може да си ја вратат самодовербата:
Jenna Turner
Таа пати од алопеција и долго време носела перика за да ја покрие ќелавоста, но после учество во шоу за модели, се охрабрила и се покажала во вистинско светло – прекрасно.
Lauren Elise
Моделот не се срами од различната пигментација на нејзиното лице, а со помош на шминка, ја нагласува нејзината карактеристика на кожата.
Somalia Knight
Во детството таа се соочувала со многу исмејување за нејзините големи уши, но со тек на време сфатила дека тие не ѝ се недостаток, туку белег благодарение на кој ја изградила успешната кариера и станала препознатлива.
Julia Nobis
Многу девојки, посебно оние кои се во индустрија каде убавината е во прв план, не сакаат да имаат нерамен нос.
Но Австалијанката не направила корекција на носот и нејзината карактеристика ја смета за предност помеѓу обичните девојки.
Carissa Pinkston
Лицето на овој модел е покриено со флеки и пеги, но токму оваа карактеристика прави таа секогаш да биде забележана и во центарот на вниманието.
Таа сака светли фотографии, кои го нагласуваат нејзиниот невообичаен изглед.
Iman Mara
До неодамна, таа била срамежлива наставничка, но се охрабрила и решила да стане модел. Нејзиното обележје се светлите веѓи и силно нагласените црти на лицето.
Tia Johnson
Таа е модел во агенција која се труди да најде девојки со уникатна убавина и необичен изглед, а нејзиното нарушување на пигментацијата не ја спречува да изгледа совршено.
Christiania Kazakova
Девојките со прекумерна тежина и заоблено тело сè повеќе докажуваат дека за да бидете убави, не мора да бидете слаби.
Токму таква и оваа девојка која е горда на своето тело и храбро го покажува во модната индустрија.
М. М. | Црнобело