Водич како да изберете сенка која најдобро ќе ја истакне бојата на вашите очи

Доколку сте љубители на храбар и по малку ексцентричен изглед, тогаш доволно е само да ја погодите вистинската нијанса на бојата на сенка која ви се допаѓа. 

Izberete-senka-koja-najdobro-ke-ja-istakne-bojata-na-vashite-oci-2.jpg

Сепак, доколку сакате безбеден, но ефективен изглед, тогаш следете ги нашите совети за тоа како правилно да ја изберете сенката која ќе ја истакне бојата на вашите очи.

Бојата на нашите очи е предодредена првично од гените, но и од количината на меланинот распоредена во ирисот. Спектарот на бои на нашите очи е доста широк, од топла кафеава до сиво-сина.

Шминкерката Ерин Гут открива кои бои на сенки најмногу одговараат на одредени бои на очи:

Зелени очи

Користете златно-светкави сенки, виолетова сенка во нијанси како модра слива, светло пурпурна или боја на црно вино за истакнување на зелените очи. 

Црната сенка, исто така, е одличен начин да го привлечете вниманието на своите зелени очи, сепак не заборавајте да ја нанесете умерено, без претерување.

Izberete-senka-koja-najdobro-ke-ja-istakne-bojata-na-vashite-oci-3.jpg

Сини очи

Оваа боја најлесно се истакнува со топли бои како што се портокалова, нијанса на праска, розова со портокалов тон и бронзена нијанса.

Иако на момент ви изгледало како совршена комбинација, Ерин открива дека светло сините сенки и моливчиња многу помалаку им прилегаат на луѓето со впечатливо сини очи.

Izberete-senka-koja-najdobro-ke-ja-istakne-bojata-na-vashite-oci-4.jpg

Сиви очи

Користете кафеави, розови и темноцрвени сенки очи, за да ги нагласите вашите сивкасти очи. Како и да е, внимавајте со розовите и темноцрвените нијанси, тие не се до толку неутрални за да можете лесно да ги комбинирате со гардеробата која што ја носите на себе.

Izberete-senka-koja-najdobro-ke-ja-istakne-bojata-na-vashite-oci-5.jpg

Очи со боја на лешник

Одберете светли нијанси на виолетовата боја. Можете дури да користите и „дреч“ варијанти на виолетова со црвен тон во себе. Обидете се нанесувањето на посветли кон потемни тонови да оди соодветно, во насока однатре-нанадвор.

Izberete-senka-koja-najdobro-ke-ja-istakne-bojata-na-vashite-oci-6.jpg

Светли кафеави очи

Комбинирајте и нијансирајте со беж, златна, жолта и мат маслинесто-зелена нијанса на сенка за очи. Овие бои го отвораат окото, но сепак треба да дозволите премногу да блескате.

Izberete-senka-koja-najdobro-ke-ja-istakne-bojata-na-vashite-oci-7.jpg

Темно кафеави очи

Идеална комбинација која ја нагласува длабочината на погледот е виолетова и златна. Користете ги една по една или пак и двете заедно, нијансирани една со друга.

Сепак, темнокафеавите очи можете совршено да ги истакнете и со нијансирање на сиви тонови. Завршетоците можете да ги потенцирате со течен туш во црна боја.

Izberete-senka-koja-najdobro-ke-ja-istakne-bojata-na-vashite-oci-8.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg