Совети и правила за негувана коса од фризерката на Бијонсе и Џеј Ло

Славните личности како Бијонсе, Џеј Ло, Мараја Кери и други убавици секогаш изгледаат совршено и имаат негувана и средена коса.

soveti-i-pravila-za-neguvana-kosa-od-frizerkata-na-bijonse-i-ј-lo-01.jpg

За нивната коса се грижи Рита Хејзан, позната фризерка која работи со многу славни личности, а највешта е со бојадисувањето на коса.

Таа е сопственик на истоимениот салон во Њујорк и е заслужна за многу трансформации кога станува збор за убавината на жените.

А сега, таа одлучила да сподели неколку совети кои сите треба да ги следат, па ќе имате можност и вие да се пофалите со негувана коса.

Само следете ги следниве правила:

Бирајте потопли нијанси

Кога сте во дилема, секогаш бирајте посветла боја во потопла нијанса. Топлите тенови на коса стојат убаво на секој тен и боја на очи. Ладните и темни нијанси пак, често можат да направат да изгледате постаро и исцрпено.

Заборавете на трендовите

Честите промени на фризурата, само заради следењето на модните трендови, може да влијае лошо на квалитетот и изгледот на влакното.

Оштетената и неуредна коса никогаш не е модерна, па затоа подобро пронајдете изглед кој најдобро ќе ви одговара.

А, ако сакате толку многу да следите некој тренд, направете го тоа на суптилен начин, со неколку прамени и не премногу често.

soveti-i-pravila-za-neguvana-kosa-od-frizerkata-na-bijonse-i-djej-lo-03.jpg

Понекогаш е добро да се промени изгледот

Само затоа што некоја боја на коса ви стои совршено, не значи дека не треба да ја промените никогаш и да пробате нешто ново.

После одреден период, секому здосадува едно исто, па промената во изгледот и освежување на бојата може да делува многу пријатно.

soveti-i-pravila-za-neguvana-kosa-od-frizerkata-na-bijonse-i-djej-lo-04.jpg

Инвестирајте во нега на косата

Добро е да се потсетите колку е важно да ја негувате косата и да не штедите на квалитетни производи, за да не дојде до трајно оштетување.

Плус, држете се до правилото, барем еднаш на 3 месеци да посетувате фризер кој ќе ви ја среди целосно косата.

soveti-i-pravila-za-neguvana-kosa-od-frizerkata-na-bijonse-i-djej-lo-05.jpg

Бидете трпеливи

Мора да бидете свесни дека не сите промени на бојата се можни преку ноќ и со едно фарбање. Ако имате темна коса, а сакате да ја осветлите, мора да се стрпите за да добиете посакувани резултати.

Потребно е време за голема промена и неколку посети на фризерот, но на крај ќе се исплати.

Грижете се за темето како и за остатокот од кожата

Кога ја миете главата, не заборавајте на темето, на кое исто така му е потребно темелно миење. Здравото и негувано теме гарантира прекрасна коса, па затоа обрнете внимание на тоа. Избегнувајте шампони за суво миење кои ги затвораат порите.

Читајте ги состојки на производите за убавина

Ако се фарбате, треба да избегнувате препарати кои содржат натриум хлорид, сулфати и парабен. Жените кои имаат тенко и нежно влакно не треба да користат производи кои содржат силикон кој ја отежнува косата, а не треба ни да претеруваат со употребата на регенератор.

Препуштете ја косата на професионалци

Иако фарбањето сами може да ви заштеди многу пари, но за некого е можеби и интересно искуство, сепак е ризично – посебно ако не сте многу искусни, а сакате промена. Доколку во моментот не може да си дозволите фризер, стрпете се, заштедете пари и тогаш одете. Професионалците тоа ќе го направат без грешка, нема да мора да плаќате дупло и ќе изгледате беспрекорно.  

soveti-i-pravila-za-neguvana-kosa-od-frizerkata-na-bijonse-i-djej-lo-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
7 бои на коса кои ќе бидат хит во 2024-та Во 2024-та хит ќе бидат суптилните бои на коса кои изгледаат автентично, наспрот...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg