Мејкап навики кои треба веднаш да ги промените
Тоа што изгледа убаво на Јутјуб или Инстаграм, во реалноста може да биде целосно спротивно, па затоа воопшто не е препорачливо да се следат слепо сите трендови што се споделуваат на социјалните мрежи.
Вистината е дека најголем број од тие видеа кои ги обожавате се спонзорирани од конкретен бренд или компанија и сето тоа изгледа фино само под специјалното осветлување за клипот да може да биде снимен.
Па, за да не мора слепо да ги следите Јутјуб шминкерите, познатите мејкап артисти одлучија да споделат неколку совети кои дефинитивно ќе им бидат од корист на сите девојки и жени:
Престанете да ги доцртувате веѓите. Обликувајте ја вашата природна форма и истакнете ја бојата доколку тоа е потребно.
Во спротивно, излегува дека сте вечно налутени, судејќи по обликот на модерното цртање на веѓите.
Користете што помалку шминка. Нанесувањето на прајмер, пудра, коректор, пудра за контури, хајлајтер и пудра во прав е премногу за вашето лице и може да се случи за кратко време да треба да посетите дерматолог.
Неверојатно непријатно изгледа вака нашминкано женско лице на дневна светлина.
Заборавете на контурирањето. Секој обид да се направи визуелно поинаков облик може да го измени вашиот изглед, на кој луѓето околу вас се навикнати.
Некогаш, може да се постигне и доста лош изглед, па затоа е подобро да го најдете мејкап стилот кој одговара на вашиот облик на лицето.
Не обидувајте се да ја изедначите бојата на лицето со бојата на кожата на вратот. Вратот е секогаш посветол. Најдобро е да ја изедначите бојата на лицето и деколтето, без да користите премногу покривни пудри.
Кога брзате некаде, не испробувајте нови производи или техники. Оставете го експериментирањето за денови кога имате повеќе време.
С. У. | Црнобело