Маска од лимон, авокадо и кокосово масло - серум за убава и здрава коса
Дали и вашата коса е сува и безживотна? Дефинитивно не сте единствени. Ова е природен процес, па како што поминува времето и годините така и косата го губи својот сјај и почнува да белее.
Прашањето е што можеме да направиме ние за да и помогнеме на својата коса!?
Без разлика колку и да ви изгледа тешко и комплицирано, ова е тип на проблем кој што можете да го решите на едноставен, природен и евтин начин – со сок од лимон и растителни масла.
Сокот од лимон не се препорачува да се користи во чиста форма од причина што заради киселоста тој ја суши косата. Затоа со цел да се одржи рамнотежа на киселоста, лимонот се користи како мешавина со други компоненти, најчесто со маслоново, бадемово и кокосово масло.
Овие масла се идеални за лековити третмани, од причина што не предизвикуваат прекумерно формирање на маснотии.
Кокосовото масло е универзална опција, продира длабоко во фоликулите на косата и го поттикнува нејзиниот раст, а бонус е тоа што мириса прекрасно.
Па, доколку ви здодеа од кршливата и сува коса направете си маска во која кокосовото масло се комбинира со сок од лимон и авокадо.
Потребни состојки:
- 1 мало зрело авокадо
- ¼ чаша кокосово масло
- 1 супена лажица сок од лимон
Во тава на тивок оган ставете во изгмеченото авокадо заедно со кокосовото масло. Откако убаво ќе се соединат, во смесата додадете го лимонот.
Вака добиената кремаста маса нанесете ја на косата и оставете ја да отстои 25-30 минути. Потоа убаво исплакнете и одмијте со шампон.
Овој домашен третман е еден од најдобрите начини како да ја заштитите вашата коса – авокадото негува, сокот од лимон дава сјај и го освежува скалпот, а кокосовото масло ја навлажнува косата и се бори со расцветаните врвови.
С. У. | Црнобело