7 едноставни совети со помош на кои ќе постигнете ефект на визуелно поголеми очи

За оние кои имаат мали очи, шминкањето може да биде вистински предизвик најпрво поради малата површина за работа, а потоа и затоа што и најмала грешка може уште толку да ги направи мали.

7-ednostavni-soveti-so-pomosh-na-koi-ke-posignete-efekt-na-vizuelno-pogolemi-ochi-2.jpg

Доколку немате време да ризикувате и да експериментирате со своите шминки најдобро е да ги следите советите на славните мејк-ап артисти. Нивните туторијали можете да ги најдете буквално насекаде на социјалните мрежи, но и директно на Јутјуб.

Во меѓувреме погледнете 7 практични совети за шминкање кои ќе ви помогнат визуелно да ги зголемите вашите очи:

Одржувајте го правилниот облик на веѓите - обликуваните веѓи придонесуваат окото да биде повпечатливо дури и без примена на шминка. Важно е секогаш веѓите да се расчешлани и доколку има потреба пополнети со моливче или сенка за веѓи.

7-ednostavni-soveti-so-pomosh-na-koi-ke-posignete-efekt-na-vizuelno-pogolemi-ochi-3.jpg

Изедначете го тенот околу очите - употребете коректор за да постигнете изедначена боја на кожата околу очите. За ориентација, треба нијансата на коректорот да е барем за нијанса посветла од пудрата.

Изберете сенка за вас - нежните бои како што се розова, беж или праска можат да манипулираат со светлината и заедно со малку маскара, вашите очи ќе изгледаат доста покрупно. За вечерен изглед измешајте потемни нијанси на аглите на очите.

7-ednostavni-soveti-so-pomosh-na-koi-ke-posignete-efekt-na-vizuelno-pogolemi-ochi-4.jpg

Убаво мешајте ги сенките - важно е да не се забележува граница меѓу различните бои, односно правилно да бидат измешани (или со мејкап терминологија, изблендани). Со четкичка „стопете“ ги сите видливи граници на сенките.

Светло моливче за очи - имајте при рака бело или друго светло моливче за очи, за да нанесете на линијата на долниот капак. За визуелно поголеми очи, не нанесувајте маскара на долните трепки.

7-ednostavni-soveti-so-pomosh-na-koi-ke-posignete-efekt-na-vizuelno-pogolemi-ochi-6.jpg

Нанесете по неколку слоја маскара - така вашите трепки ќе ја добијат потребната густина. Дополнителен ефект на зголемување можете да добиете и со алатката за прекршување на трепки.

7-ednostavni-soveti-so-pomosh-na-koi-ke-posignete-efekt-na-vizuelno-pogolemi-ochi-7.jpg

Користете туш за очи или моливче со интензивна боја - густите трепки придонесуваат очите да изгледаат поголеми. Доколку немате густи трепки, употребете ајлајнер или моливче за да повлечете тенка линија на горниот капак и потоа нанесете црна маскара на трепките. Вака визуелно ги згуснувате трепките.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg