8 класични парфеми кои ја задржале својата популарност до денес
„Angel“ на Тиери Муглер
Слично како и претходните парфеми кои се најдоа на оваа листа, мирисот е специфичен и додека на едни им се допаѓа, други не можат ни да го помирисаат. Создаден е во 1992, спакуван во сино шишенце со облик на ѕвезда.
Денеска постојат повеќе верзии, но секако, најпопуларна е класичната.
Во мирисните ноти може да се најдат ванила, чоколадо, пачули, сандаловина, јатки, боровинки и дискретна нота на ананас.
„Dolce Vita“ на Диор
Сладок и ориентален, мирис кој потсетува на среќа и безгрижност. Некои го опишуваат како вистинска мирисна магија, полн и богат мирис што не останува незабележан.
Истиот доживеа многу копии од помалку познати производители на парфеми, но ниту еден никогаш ја нема доловено префинетоста на оваа класика.
Во мирисните ноти може да се забележат цимет, праска, ванила, сандаловина и кардамом, кои потоа се проследени со кокос, зумбул, роза, лимон и лимета.
„Anais Anais“ на Кашарел
Во 1978, модната куќа Кашарел го создаде првиот парфем, Anais Anais. Како и многу парфеми на Кашарел, има и лојални фанови, но и такви кои не се ни доближуваат до полицата во парфимеријата каде стои.
Постои и помодерна и посовремена верзија на истиот, која може да се најде под името Anais Anais Premier Delice.
Мирисот изобилува со цветни ноти како лаванда, зумбул, момина солза, ирис и каранфил, но и мошус и сандаловина, цитрус и црна рибизла.
„Light Blue“ на Долче и Габана
Парфем создаден во 2001, доста подоцна од претходно наведените во оваа листа, но тоа само ја докажува успешноста на истиот и неговото сместување во списокот на класици.
Мирисот потсетува на свежина и летен ветер. Во основните ноти може да се забележи мошус и мирис на зимзелени дрвја, проследен со освежувачки лимон и зелено јаболко, бамбус, роза и јасмин.
С. У. | Црнобело