8 класични парфеми кои ја задржале својата популарност до денес
Секоја година излегуваат нови парфеми, со прекрасен мирис и уште попрефинет дизајн на пакувањата, но некогаш она што ни треба е само едно прскање со впечатлив класичен парфем.
Постојат голем број на парфеми кои модните куќи ги задржале со години, не менувајќи речиси ништо во составот, па дури ни во ретро дизајните на шишенцата.
8 класични парфеми ја задржале својата популарност до денес:
„Chanel 5“ на Шанел
Убедлива класика меѓу парфемите, создаден во 1921 година, а заштитно лице била самата Коко Шанел.
Меѓу познатите дами кои го носеле била и Мерилин Монро, која изјавила дека го користи и за спиење, а денес заштитно лице е Никол Кидман.
Во нотите на овој парфем се содржани бергамот, сандаловина, ванила, пачули, лимон, јасмин, роза, крин и ирис, прекрасно комбинирани, кои оставаат облак од богат и пријатен мирис зад секоја жена која го користи.
„Shalimar“ на Герлан
Ова е првиот ориентален парфем креиран уште во 1925, од Жак Герлан, инспириран од принцот Курам и неговата жена Мумтаз Махал, музата поради која е изграден Таџ Махал и градините на Шалимар.
Од 1925, па до денес овој парфем доживеал неколку реформулации, кои се продаваат како специјални или лимитирани изданија, но класичниот мирис и понатаму е најобожаван.
Во основните ноти може да се забележат ванила и сандаловина, проследени со мирисни ноти на роза, цитрус и јасмин.
„Opium“ на Ив Сен Лоран
Ориентален парфем во кој преовладуваат зачинските и дрвенестите ноти. Создаден е во 1977 година, мирисот е специфичен и е наменет за храбри жени кои умеат да ги носат ваквите парфеми со стил. За оние кои преферираат помодерна верзија, пред некоја година оваа модна куќа го создаде и Black Opium.
Во останатите мирисни ноти може да се забележат јасмин, цитруси, слива, цимет, праска, роза и крин.
„Eden“ на Кашарел
Оваа модна куќа е позната по несекојдневните мириси најчесто спакувани во едноставни, но префинети шишенца. Инспирација, како што се забележува и од името, е токму Еденската градина.
Мирисот е полн со ноти на јасмин, роза, мимоза и крин, проследен со дискретни ноти на диња, ананас и лимета. Одлично одговара при врнежливо време, за целосно доживување на ефектот на тропска шума.
Создаден е во 1994, некои го обожаваат, некои не можат да го поднесат, но тоа не спречува и ден денес да е еден од најпопуларните парфеми на Кашарел.