Начини на кои ќе го усовршите природниот изглед со минимална шминка
За девојките кои се љубители на шминка и вешти со истата е многу лесно да дојдат до совршен изглед.
Но, тешкиот дел доаѓа кога треба да изгледате совршено, но истовремено природно, со минимална шминка.
Во последно време станува популарна природноста и ретко кој сака премногу шминка на женското лице.
Па доколку сакате да блескате и со минимална шминка и да имате природен изглед, следете ги следниве чекори и совети:
Навлажнување на кожата
Секогаш користете производи со кои ќе ја навлажнувате и омекнувате кожата заради што таа ќе блеска и ќе изгледа здраво и совршено.
Не ги покривајте сите недостатоци
Колку и да ви е предизвикувачко да покриете се, сепак не го правете тоа. Нормално е природната кожа да има недостатоци, па сосема е во ред ако некој од нив се гледа – тоа понекогаш може да биде ваш печат и да изгледате попривлечно.
Покријте ги големите недостатоци како темни подочници или впечатливи рани од акни, но останатите недостатоци како пеги, бенки и сл. оставете ги.
Прескокнете го ајлајнерот
Природниот изглед на очите никако не се поврзува со мачкини очи, па затоа избегнете ставање на моливче или туш за очи. Доволно е сенка во неутрална боја по целото око.
Маскара
Ова понекогаш знае да биде навистина тешко, бидејќи за да постигнете природен изглед, не треба да ставите премногу, но не и премалку, па да изгледате чудно.
Внимавајте да не ги залепите трепките бидејќи очите треба да ви изгледаат свежо и природно, а не како да сте ставиле вештачки трепки.
Не ставајте пудра на цело лице
Ова правило е слично како она со коректорот. Наместо да ставите тешка пудра по цело лице, ставете витаминска пудра или ББ крема колку да ја изедначите бојата на кожата и да дадете природен свеж изглед на лицето.
Природни безбојни усни
Доколку сакате да постигнете природен изглед, очекувано е дека нема да има потреба да ставате кармин во боја. Одберете кармин со природна и светла боја или пак ставете сјај во светла кафена или светло розе боја.
Малку руменило
Ставете малку руменило во природна и светла боја, наместо да ставате темни бронзери со кои ќе изгледате како маскирани.
Следете ги сите овие совети и ќе изгледате совршено, а сепак природно!
М. М. | Црнобело