Индијките откриваат: 8 тајни за бујна и негувана коса

Можеби не сте забележале меѓутоа жените од Индија имаат навистина прекрасна и негувана коса. Интересно е тоа што индиските тајни за убавината биле пренесувани усно од поколение на поколение уште од античко време.

indijkite-otkrivaat-8-tajni-za-bujna-i-odrzana-kosa-01.jpg

Кога би ги прашале, овие жени ќе ви одговорат дека за секое прашање поврзано со убавината и здравјето вистинскиот одговор може да го ви го даде само природата.

Па, доколку сакате здрава и негувана коса прочитајте што ве советуваат тие:

Исплакнете со студена вода  

Додека ја миете косата, топлата вода заменете ја со ладна. Одмивањето со ладна вода ја зголемува циркулацијата на крвта и резултира со побрз раст на косата.

indijkite-otkrivaat-8-tajni-za-bujna-i-odrzana-kosa-3.jpg

Масажа со сок од алое вера

Општо познато е дека кремот од алое вера е совршен за сите видови на кожа. Истовремено алое верата можете да ја користите и како маска за коса.

Сѐ што треба да направите е да нанесете свежо исцеден сок од алое вера на коренот на вашата коса и нежно да масирате со кружни движења.

indijkite-otkrivaat-8-tajni-za-bujna-i-odrzana-kosa-4.jpg

Масажа со кокосово масло

Ставете малку кокосово масло во сад и загрејте го 20 секунди. Потоа нанесете го маслото на скалпот и нежно масирајте ја кожата со прстите така што маслото ќе навлезе во корените на косата.

Кокосовото масло го храни скалпот и ги чисти фоликулите од акумулираната маст. Оставете да отстои 30 минути, а потоа измијте ја косата со шампон и исплакнете.

indijkite-otkrivaat-8-tajni-za-bujna-i-odrzana-kosa-5.png

Јаболков оцет во замена за шампон

Јаболковиот оцет е повеќенаменски лек кој можете да го нанесувате на вашата коса. Тој ги стимулира фолекулите на косата и ви помага да се ослободите од првутот.

Сѐ што треба да направите е да го замените вашиот шампон со јаболков оцет барем еднаш неделно.

indijkite-otkrivaat-8-tajni-za-bujna-i-odrzana-kosa-6.jpg

Протеинска маска

Губењето на косата често е предизвикано поради недостаток на протеини во исхраната. Протеинската маска може да ви помогне да го вратите количеството на изгубени протеини и да ја ревитализира вашата коса.

Изматете две белки од јајце и добиената смеса нанесете ја на коренот на вашата коса. Оставете да отстои најмалку 30 минути, а потоа измијте ја косата со шампон и исплакнете.

indijkite-otkrivaat-8-tajni-za-bujna-i-odrzana-kosa-7.jpg

Маска за коса со пантенол

Д-пантенолот е синтетски витамин Б5 кој откако ќе се апсорбира во кожата, ја нормализира состојбата на епидермисот. На овој начин помага при намалување на губитокот на коса.

indijkite-otkrivaat-8-tajni-za-bujna-i-odrzana-kosa-8.jpg

Есенцијални масла

Индијанките ги користат навистина многу есенцијалните масла за нега на косата, особено од бадем, рузмарин, лаванда и мајчина душица. Тие го чистат скалпот од акумулираните масти во порите и ги потхрануваат оштетените фоликули.

indijkite-otkrivaat-8-tajni-za-bujna-i-odrzana-kosa-9.png

 Поретко миење на косата

За да ја направите вашата коса здрава и сјајно потребно е да ги избегнувате суровите хемикалии содржани во повеќето производи за убавина, бидејќи тие го менуваат нормалното ниво на pH-вредноста на вашата кожа.

Од таа причина препорачливо е миење на косата 1-2 пати во седмицата.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg