Маникир кој веќе долго време не е во мода и треба да го заборавите

Постои фраза која вели „Колку е поедноставна девојката, толку е покомплексен дизајнот на нејзините нокти“.

manikir-koj-vekje-dolgo-vreme-ne-e-vo-moda-i-treba-da-go-zaboravite-01.jpg

Па, ако не сакате да биде оваа фраза асоцијација за вас, погледнете кои се грешките кои не треба да ги правите.

Можеби звучи чудно, но постојат трендови и за маникирот кои со тек на време избледуваат и треба да ги заборавите.

Погледнете неколку работи поврзани со маникирот кои не треба да ги повторите и како да ги замените:

Предолги нокти

До пред некоја година сите беа луди по ноктите со огромна должина, независно дали беа природни, вештачки, акрилни или гелни.

Но, оваа ноќна мора, за среќа остана во минатото и сега изгледа само како застарен невкусен тренд кој не треба да го практикувате.

manikir-koj-vekje-dolgo-vreme-ne-e-vo-moda-i-treba-da-go-zaboravite-02.jpg

Ако сепак сакате долги нокти, одберете форма на бадем или нежно заоблено-коцкести, со пристојна должина.

manikir-koj-vekje-dolgo-vreme-ne-e-vo-moda-i-treba-da-go-zaboravite-03.jpg

Избор на боја

Светло зелена и сите други неонски, флуоресцентни бои на лак или гел исто така останаа во минатото.

manikir-koj-vekje-dolgo-vreme-ne-e-vo-moda-i-treba-da-go-zaboravite-04.jpg

Можеби во иднина повторно ќе бидат во мода, но засега, пастелните нијанси како бебешко розова или небесно сина се одлична замена.

Исто така, црната, црвена боја на вино или темно сини тонови може да изгледаат одлично на вас.

manikir-koj-vekje-dolgo-vreme-ne-e-vo-moda-i-treba-da-go-zaboravite-05.jpg

Натрупани дезени

Комплексни цртежи, повеќе различни бои, евтини налепници, циркони и сите други „модни додатоци“ заборавете ги на подолг период.

manikir-koj-vekje-dolgo-vreme-ne-e-vo-moda-i-treba-da-go-zaboravite-06.jpg

Наместо тоа, одберете класични, едноставни и еднобојни нокти со впечатливи нијанси.

На светлите бои можете да додадете нежни геометриски шари или нежни светки, но не на секој нокт и секако да бидат складни боите.

manikir-koj-vekje-dolgo-vreme-ne-e-vo-moda-i-treba-da-go-zaboravite-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg