Како да препознаете копија од оригинална козметика?
За жал, понекогаш забораваме дека поскапото е квалитетно, посебно кога се работи за козметички производи кои ги нанесуваме по целото лице и тело.
Иако мислите дека нема ништо лошо во тоа да заштедите на пудра, руменило или кармин, прво размислете на последиците - иритации, инфекции и оштетувања на кожата.
Потоа, добро научете ја лекцијата - Како да препознаете евтина од оригинална шминка?
Ова се 10-те клучни разлики по кои ќе ги препознаете евтините копии:
Текстура
На оригиналните руменила, сенки и камени пудри никогаш нема да забележите празнини и меурчиња во текстурата.
Избледената боја на одредени места исто така се уште еден знак дека не купувате оригинал.
Бар код
Не бидете мрзеливи и проверете го бар кодот така што ќе го изгуглате.
Бои и модели на официјалниот сајт
Без оглед на тоа што купувате, проверете ја неговата боја, нијанса и модел на официјалниот сајт.
На пример, ако купите сино сунѓерче за нанесување шминка, а таа боја ја нема на официјалниот сајт, очигледно се работи за евтина копија.
Квалитет на етикетите
Важно е да внимавате на квалитетот на налепниците. Избегнувајте неквалитетни принтови и бои.
Сериски број
Секогаш, на секој производ барајте сериски број. Ако е оригинал, производот не може да биде пуштен во продажба без него.