Како да препознаете копија од оригинална козметика?
Квалитет на пакување
Козметичките компании внимаваат на тоа како се спакувани нивните производи, па кутиите никогаш не би требало да се оштетени, превиткани или избледени.
Јазикот на кој ги пишува податоците
Да речеме дека купувате производ од американски бренд, а на него има втиснато кинески симбол – ова е прв знак дека нешто е сомнително.
Налепница
Налепницата е најлесниот тест дали производот е оригинал. На копиите, таа е несоодветно залепена, на криво, лесно се кине и има меурчиња под неа.
Квалитетните брендови за козметика имаат поквалитетни лепенки кои лесно се двојат од кутијата.
Огромни попусти
Доколку начекате 70-80% попуст, не се залетувајте. Квалитетните компании никогаш не ја продаваат козметиката за бадијала.
Вистински фотки
Доколку купувате и бирате онлајн, секогаш бирајте производи кои имаат објавено реални фотки од самиот производ, а не како од каталог. Вреди да знаете точно за што ги давате парите.
М. Д. | Црнобело