Зошто Кејт Мидлтон никогаш не ги лакира ноктите?
Тајните за убавина и мода на Кејт Мидлтон се секогаш едни од поомилените на жените, главно бидејќи се лесни, едноставни и практични, што е зачудувачки за член на кралското семејство.
Па, ако се заинтересирате за ноктите на Кејт Мидлтон, ќе сфатите дека речиси никогаш нема да ја видите со налакирани нокти. Посебно не во некои впечатливи бои.
Како што OK! Магазинот откри, обоените лакови за нокти и надградбите на нокти не се прифатени во дрес кодот на кралското семејство.
Дури и за најформалните настани, на кои Кејт е секогаш скоцкана од глава до пети, мора да се придржува до правилото за чисти, природни нокти.
Најголемиот исклучок беше на денот на венчавката, кога Кејт имаше нанесено блед лак со боја на кожа.
М. Д. | Црнобело