Масажа со скапоцени камења, маска од злато: Најскапите третмани за убавина во светот
Индустријата за убавина веќе подолго време наметнува стандарди кои е речиси невозможно да се следат. Секој ден се измислуваат нови начини како да бидеме поубави, кожата да ни биде помазна, да изгледаме помлади и слично.
Некои жени се подготвени на сè кога станува збор за негата и убавината, па ни парите не им претставуваат проблем само за да изгледаат совршено.
Низ светот постојат многу различни козметички третмани, обични и необични, а во продолжение прочитајте ги најскапите и најекстравагантните:
Плазмолифтинг
Моментално најпопуларниот третман кој го користат славните дами е плазмолифтингот.
Оваа револуционерна техника подразбира вбризгување на вашата крвна плазма преку инјекции во лицето на кожата, а целта е подмладување на изгледот.
Еден третман чини околу 1.500 долари.
Масажа со скапоцени камења
Во хотелите чиј сопственик е Доналд Трамп, се нуди масажа со скапоцени камења која чини околу 300 долари за еден час.
Меѓу најкористените скапоцени камења се сафири, кристали и рубини со кои се масира целото тело на кое претходно се нанесува етерично масло.
Купка со вода Evian
Evian е една од најскапите води во светот, па стручните лица од индустријата за убавина пронашле начин да ја вклучат и во третмани за нега.
Оваа услуга чини околу 11.000 долари, а достапна е во пентхаусот на Hotel Victor во Мајами. Од познатите дами, купката со Evian ѝ е омилена на Серена Вилијамс.
Маска од 24 каратно злато
Уште одамна е познато дека златото има благопријатен ефект врз кожата. Овој третман подразбира чистење на лицето по што се нанесува маска од 24 каратно злато во облик на масло за лице.
Ова задоволство ќе ве чини од 200 до 400 долари.
Масажа со кактус
Една од најпознатите услуги на хотелите Four Seasons е специјалната масажа со кактус. Иако звучи болно, процесот е сосема безболен бидејќи боцките се отстрануваат пред масажата.
Од кактусот се добива масло слично на алое вера кое ја смирува и ја подмладува кожата. За ова задоволство ќе треба да издвоите околу 400 долари.
М. В. | Црнобело