Топли, бронзени, сјајни: Бои на коса кои носат среќа (фото)

Велат дека новиот тренд во фарбањето на косата, кој полека но сигурно ги освојува социјалните мрежи, има моќ да ја повика среќата во вашиот живот. Притоа, не станува збор за празноверие, туку за прекрасна палета на есенски тонови - со длабока филозофска порака.

topli-bronzeni-sjajni-boi-na-kosa-koi-nosat-srekja-foto-1.jpg

Есента само што не пристигнала, а со неа и сите преубави есенски бои, па вистинско време e малку потемелно да се посветиме на начинот на кој може да ја стилизирате својата коса, а тоа да биде во склад со модерните текови.

Поради тоа, ве запознаваме со „hygge“ – новиот тренд за фарбање на косата, кој ќе биде апсолутен хит претстојната сезона.

topli-bronzeni-sjajni-boi-na-kosa-koi-nosat-srekja-foto-2.jpg

Произлегува од истоимената филозофија и животен концепт на нордиските народи, со кој е опфатено сето она што ним им предизвикува среќа.  

Зборот ги симболизира уживањето, топлината и удобноста, како и малите секојдневни мигови во кои се посветуваат на самите себе, гледајќи на животот од многу пооптимистична перспектива.

Накратко, „hygge“ ги подразбира хедонистичките ритуали и пријатниот амбиент по кои тежнее секој човек.

topli-bronzeni-sjajni-boi-na-kosa-koi-nosat-srekja-foto-3.jpg

Сега, преточен е и во боите за коса, а секако дека новиот тренд веднаш го освои Инстаграм.

Се прашувате каква врска има животна филозофија со фарбањето на косата? Првенствено, концептот „hygge“ е креиран за луѓето полесно да се изборат со ниските температури и недостатокот на сончева светлина, задржувајќи ги позитивното расположение и чувства.

Истото можете да го направите и со карактеристичните есенски нијанси на боја за коса, коишто зрачат со топлина, односно ве „греат“ во текот на студените месеци.

topli-bronzeni-sjajni-boi-na-kosa-koi-nosat-srekja-foto-4.jpeg

„Hygge“ боите се во распон од златни и топли руси тонови, до меки бронзени, кремасто портокалови и богати костенливи нијанси.

Со други зборови, овој тренд не наложува една конкретна боја, ниту пак техника на фарбање за која треба да се одлучите, туку цела палета на топли нијанси што може да ги прилагодите на својот тен, вкус или желби.

Сепак, иако не нуди новина, обединува низа убави можности за бојадисување на косата.

topli-bronzeni-sjajni-boi-na-kosa-koi-nosat-srekja-foto-5.jpg

Нам многу ни се допаѓаат – што велите вие? Погледнете ги нашите предлози во галеријата и пронајдете ја својата „среќна“ боја:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Предлози за нокти: Топ 6 есенски трендови Ноктите во боја на чоколада прават да се чувствувате „cosy“ (топло и пријат...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg