Кајли, Ријана, Селена: Трикови за убавина со кои изгледаат совршено

Моќната женска тројка се млади дами кои се познати, колку по своите кариери, толку и по одлично нашминканите изгледи. Гламурозно, откачено или природно – од овие девојки ви се исплати да позајмите некоја тајна за убавина.

kajli-rijana-selena-trikovi-za-ubavina-so-koi-izgledaat-sovrsheno-1.jpg

Кајли. Ријана. Селена. Секоја е посебна на свој начин.

Девојките кои преферираат да бидат гламурозни секој ден, секако ја одбираат Кајли Џенер. Оние, пак, кои не се срамат да стават на себе баш ништо, колку и да е тоа откачено, сигурно ја сакаат Ријана. Додека, од друга страна, девојките кои ја обожуваат природноста, најверојатно воздивнуваат по Селена Гомез.

kajli-rijana-selena-trikovi-za-ubavina-so-koi-izgledaat-sovrsheno-2.jpg

Како и да е, ќе се согласите дека секоја од нив има да понуди добар совет, или, пак, да го разоткрие својот трик за совршен изглед.

Затоа, најдобрите трикови на трите популарни дами ги собравме на едно место, а ви ги споделуваме во продолжение:

Кајли Џенер

kajli-rijana-selena-trikovi-za-ubavina-so-koi-izgledaat-sovrsheno-3.jpg

1. Ги меша пудрите

Кајли често ги меша пудрите, за да ја добие текстурата, завршетокот и бојата што ја посакува. Мошне е практично, особено во текот на летото, кога постепено добиваме и губиме боја.

2. Носи руменило

Повеќето луѓе не го сакаат премногу, но Кајли го обожува. Секогаш става руменило, бидејќи смета дека тоа му дава финален допир на целокупниот изглед.

3. Ги оцртува веѓите со коректор

Кајли ги поправа веѓите со коректор, а со чија помош буквално ги исцртува до перфекција. На тој начин, најлесно ѝ е да ги коригира ситните грешки, постигнувајќи совршен изглед.

kajli-rijana-selena-trikovi-za-ubavina-so-koi-izgledaat-sovrsheno-4.jpg

Ријана

kajli-rijana-selena-trikovi-za-ubavina-so-koi-izgledaat-sovrsheno-5.jpg

1. Не става многу камена пудра

Ријана знае дека блесокот означува младост и сјај. Со нанесувањето камена пудра, на лицето се постигнува мат ефект, но некогаш поприлично го суши изгледот, со што автоматски делувате постаро. Матирајте го лицето само на деловите каде тоа е навистина потребно.

2. Користи подлога за кармин

Ријана не сака карминот да ѝ се размачкува, па секогаш користи прајмер за усни, што ќе го држи карминот на свое место, или,  пак, го зацврстува со „top coat" – нешто налик на заштитниот лак за нокти, но за усни.

3. Сенката за очи ја бленда до совршеноство

Ријана сака „зачадени очи“, но само кога се вклопени до совршенство. А, тие најдобро изгледаат кога сенката делува како да е дел од самата кожа - умесно, а сепак впечатливо. Исто така, ја бленда и изедначува бојата и под очите, со што визуелно го зголемува окото.

kajli-rijana-selena-trikovi-za-ubavina-so-koi-izgledaat-sovrsheno-6.jpg

Селена Гомез

kajli-rijana-selena-trikovi-za-ubavina-so-koi-izgledaat-sovrsheno-7.jpg

1. Користи креми и маски за прочистување

Селена вложува многу време и труд во нега на кожата, а добитната формула ја пронашла во комбинацијата на креми за чистење на тенот и со висок заштитен фактор.

2. Косата ја мие секој четврти ден

Селена смета дека косата ѝ е најубава, тогаш кога е малку – нечиста. Поради тоа, косата ја мие дури на четири дена, а во меѓувреме користи шампон за суво миење.

3. Косата ја негува со ноќна маска

Кога е на турнеи, Селена ја одржува убавината на косата, така што на неа нанесува регенератор, којшто го измива еден ден подоцна, или, пак, богата ноќна маска, после која си сплетува плетенка. Дури следниот ден ја расплетува, па ги мие остатоците од производот за нега на косата.

kajli-rijana-selena-trikovi-za-ubavina-so-koi-izgledaat-sovrsheno-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Боб фризурата е хит кај ѕвездите – ја носат и нашите славни дами (фото) Сара Мејс, Селена Гомез – боб фризурата со должина до рамената е хит кај славнит...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg