10 славни дами кои се шминкаат сами

Дали е возможно да не се препуштите во раце на професионални визажисти, а сеедно да изгледате беспрекорно, дури и на црвениот тепих?

10-slavni-dami-koi-se-shminkaat-sami-1.jpg

За многу познати жени, шминкањето е нешто кое отсекогаш го правеле самите, па никогаш не ни побарале помош од професиналци. А, на овие десет славни дами не само што не им треба никаква помош, туку и за дел од најважните настани во животот се нашминкале самите.

Најпрво, мора да се присетиме на војвотката од Кембриџ. Имено, Кејт Мидлтон толку добро ракува со шминката, што дури и за сопствената венчавка се разубавела сама. И навистина изгледаше совршено, а свадбениот мејкап ги преживеа многубројните позирања и поздравувања, како и сите временски услови.

Меѓу нив е и глумицата Кејт Хадсон, која дури и се пошегува во едно интервју, дека доколку ѝ пропадне актерската кариера, секогаш може да работи како визажистка. А, со нејзе веројатно би се сложила и латино дивата Шакира, која исто така се шминка сама, бидејќи, како што вели, „добра е во тоа, брза и евтина“.

Глумицата Скарлет Јохансон, пак, услуга од визажисти бара само за најголемите настани и случувања, а во безброј случаи, снимена е со совршена „домашна“ шминка. Од друга страна, нејзината колешка Луси Лиу, со задоволство дели и совети за убавина на тема - шминка. Во чантичката секогаш носи течен туш  и моливче за очи, а во едно интервју и го сподели советот кој често ја „спасува“. „Течниот туш за очи го носам дење, а навечер само ја исцртувам внатрешната линија на долниот капак“ – открива глумицата.

Софија Буш тврди дека за да се нашминка ѝ е потребно само пет минути време, а самата се средува и за црвениот килим, бидејќи таквите работи ја забавуваат. Целата приказна околу шминкањето, поприлично ја поедностави модната икона Оливија Палермо, која во неможност да пронајде идеална нијанса на кармин за усни, едноставно не става ништо.

А, кои се и преостанатите славни дами на кои не им е потребен шминкер, ви откриваме со листата во продолжение:

1. Блејк Лајвли

10-slavni-dami-koi-se-shminkaat-sami-2.jpg

2. Софија Буш

10-slavni-dami-koi-se-shminkaat-sami-3.jpg

3. Дајен Кругер

10-slavni-dami-koi-se-shminkaat-sami-4.jpg

4. Кејт Мидлтон

10-slavni-dami-koi-se-shminkaat-sami-5.jpg

5. Кејт Хадсон

10-slavni-dami-koi-se-shminkaat-sami-6.jpg

6. Оливија Палермо

10-slavni-dami-koi-se-shminkaat-sami-7.jpg

7. Скарлет Јохансон

10-slavni-dami-koi-se-shminkaat-sami-8.jpg

8. Кејт Винслет

10-slavni-dami-koi-se-shminkaat-sami-9.jpg

9. Шакира

10-slavni-dami-koi-se-shminkaat-sami-10.jpg

10. Луси Лиу

10-slavni-dami-koi-se-shminkaat-sami-11.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Боб фризурата е хит кај ѕвездите – ја носат и нашите славни дами (фото) Сара Мејс, Селена Гомез – боб фризурата со должина до рамената е хит кај славнит...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Славни дами над 50 години, кои изгледаат одлично и со шминка и без шминка Салма Хајек има 57 години, а за многумина таа е поубава со чисто, природно лице,...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg