Топ 10 најбрзи трикови за убавина кои штедат пари и време
Секоја жена сака да изгледа убаво и негувано, а ако тоа може да го постигне брзо и со помалку пари, тогаш значи дека ја открила добитната комбинација.
Често жените знаат да ставаат сé друго пред нивните желби и потреби, а за нив сами и не им останува многу време.
Со овие неколку трикови и совети ќе изгледате убаво и негувано за само неколку минути и плус ќе заштедите пари на скапи третмани и козметика:
1. Ароматичните масла од цимет и нане визуелно ги зголемуваат усните. Ставете неколку капки во балсамот за усни за да ви изгледаат пополни.
2. Кокосовото и маслиново масло одлично ја отстрануваат шминката. Само неколку капки се потребни за да ја избришете маскарата, тушот или пудрата.
3. Ако маскарата почнува да се суши, ставете ја во топла вода и оставете ја да стои пет минути.
4. Најлесниот начин за контурирање на лицето е да го „напишете“ бројот 3 на едната и на другата страна.
5. Ако лакот за нокти ви се згуснал, ставете го шишенцето во топла вода неколку минути и потоа протресете го. Постапката повторете ја неколкупати.
6. Со лакот за коса можете да ги обликувате веѓите за да останат во саканата форма.
7. Бебешката пудра во прав е одлична за под пазувите против потење, како сув шампон ако ја нанесете на корените, за смирување на кожата иритирана од депилација, или за трепките да изгледаат подолги.
8. Користете кредитна или визит картичка за да не ви се направат дамки на капакот од окото кога нанесувате маскара.
9. За малите шнолички да ја држат косата цврсто, пред да ги ставите, прснете ги со лак за коса.
10. Лимонот е најдобриот лек за ноктите на рацете и на нозете.
М. В. | Црнобело