9 фрази што витките девојки често ги слушаат, а ужасно ги нервираат
Витките, а понекогаш и преслаби жени, во денешно време се презентираат како идеал за убавината. Но, наспроти тоа, тие често трпат и неправди поради својот изглед, па дури и глупави коментари на нивна сметка во секојдневието.
Виткоста има цена, но тоа не секогаш се исцрпувачките диети, ниту, пак, пренапорното вежбање. Честопати, цената ќе ја платите и ако сте природно слаба девојка. Всушност, тогаш ваквите коментари се уште понеправедни.
А, деветте фрази кои на витките девојки навистина им одат на нерви се:
1. Дај, касни нешто!
Никој нема право на другите да им говори кога, што и колку треба да јадат. Точка. Тоа е нешто за кое сепак одлучуваме самите.
2. Ти да ќутиш, не знаеш како е кога сè ти е тесно...
ОК, тоа што витката девојка може без проблем да го вовлече задникот во панталони со број 34, не ја исклучува можноста дека е незадоволна од нешто друго (или многу други нешта) на своето тело. Правото на маани треба да им се признае и на витките девојки.
3. Некое килце плус околу ребрата, сигурно е поздраво.
Дека нездравата потхранетост е штетна, знаеме сите. Меѓутоа, не се сите витки жени автоматски и „неухранети“. А, лекарите велат дека баш неколкуте килограми повеќе околу струкот, реално му штетат на здравјето.
4. Ќе ти помогнам, тоа е сигурно претешко за тебе!?
На витките жени, помошта не им е попотребна одошто на тие со повеќе килограми. Виткоста не значи воедно и недостаток на сила. Напротив.
5. Се гледа дека се убиваш од вежбање!
Телесната тежина и занимавањето со спорт, не мора да бидат нужно поврзани. Од друга страна, постојат и луѓе кои уживаат постојано да се движење. И тоа не го прават поради виткоста.
6. Јадеш ли ти воопшто нешто?
Всушност...да! Сепак, храната нè одржува во живот.
7. Мажите повеќе сакаат кога имаат што да „фатат“.
Каква е таа неправда? Па, и витките жени имаат облини! А, впрочем, постојат и мажи на кои им е помалку – повеќе.
8. Супер би ти стоел некој килограм повеќе.
Ваквата изјава е едноставно дрска и безобразна. Како, на пример, некој тоа би можел да го знае?
9. Изгледаш како да имаш нарушување во исхраната.
Нарушувањето во исхраната е сериозна болест, која само во ретки случаи има врска со нечие настојување да биде виток. Подметнувањето на такво нешто не е во ред, а фразата дека некој „изгледа анорексично“ во најмала рака е – неумесна.
М. А. | Црнобело