Со шминка на плажа - да или не?
Летото е вистинско време да го одмориме лицето не само од стресот и градските прашини, туку и од големите количини на шминка.
Сепак, за повеќето жени тоа е проблем, бидејќи шминката им дава сигурност.
Кога одите на плажа, треба да имате на ум дека правилата драстично се разликуваат од оние за време на градските прошетки или во канцеларија.
Ако веќе мора да имате шминка на вас:
Одлучете се за изглед без пудра. Наместо неа, нанесете крема за сончање со висок заштитен фактор. Ставете малку сјај или балсам и водоотпорна маскара.
На потемнетата кожа добро прилега бронзер или некое кремасто руменило.
За оние кои не можат да се откажат од тушот за очи, во лето тој може да биде во боја наместо црн. И секако, водоотпорен.
Трик со кој се служат ѕвездите:
Големите очила кои ги кријат очите од веѓите, па до јаболкниците се задолжителни. Детаљот кој ги прави „дотерани“ лежи во впечатливиот кармин – црвен или розов.
Кое е вашето мислење на оваа тема, со или без шминка на плажа?
Споделете го мислењето и триковите кои ги користите...
М. Д. | Црнобело