Со Avon збогатете го вашиот несесер по неверојатни цени
Со доаѓањето на топлите денови сигурно почнавте да размислувате за идеалната летна дестинација, за атрактивни костими за капење, за удобни сандали и шарени шапки. Тоа е вистинскиот момент да ги одберете и летните сојузници за убавина кои на вашата кожа ќе ѝ дадат сезонска свежина.
Оставете ја тешката шминка и направете простор за впечатливи бои и производи кои може да бидат ваши благодарение на големата распродажба во Avon брошурата и на www.avoncosmetics.com.mk која ќе трае до 24 јули.
За сензационален изглед доволни се разнобојните кармини, маскари и лакови за нокти. Сето тоа може да го купите за помалку од 700 денари, а ќе можете да ја израдувате и вашата пријателка, мајка или сестра затоа што со еден порачан производ другиот го добивате бесплатно.
Сакате да го истакнете исончаниот тен со помош на кармин во боја на кожа, но и да го зачините вечерното излегување со силна боја на усните? Не грижете се, затоа што два Kiss'n'go кармини може да бидат ваши за само зa 199 денари!
Фатете го моментот и имајте заводлив поглед на плажа, со прекрасната водоотпорна маскара SuperSHOCK Max за 299 денари. Заедно со неа ќе можете да изберете уште една како подарок!
Летното расположение продолжува и со ноктите. Ќе ги привлечете туѓите погледи со разиграните бои на лакот за нокти AVON True Colour. И повторно, со секој лак за нокти за 199 денари, добивате подарок уште еден. Одлична зделка за привлечен летен маникир!
Летото може да стане уште поубаво со омилената шминка за секоја пригода – на плажа, на забава или во канцеларија. Зграпчете ги понудите и заштедете!