5 лесни трикови со обични шноли за коса кои вреди да ги пробате
Понекогаш наједноставните креативни решенија се кријат и во наједноставните производи, како на пример обичните шноли за коса.
Дали нанесувате премногу лепило на вештачките трепки или можеби ви фали четка за контурирање на лицето? Испробајте ги овие и уште 3 лесни трикови со помош на обични црни шнолички за коса:
Совршени ретро мачкини очи
Доколку не сте експерт за исцртување совршена туш линија поставете ја шноличката во аголот на окото и исцртајте внимателно околу отворениот дел. Пополнете го малото триаголниче со туш и имајте совршено нашминкани мачкини очи.
Коњско опавче со многу волумен
За летниот период косата собрана во репче е прилично логична работа, но кога е сплеснато и не делува баш привлечно. Вертикално поставете ја шнолата веднаш под репот при што отворениот дел ќе биде поставен во правец на вратот.
Поставете го репот над него при што шнолата на лесен начин ќе го придржува репчето како еден вид лост, давајќи му поубав и поволуменозен изглед.
Лесен точкест маникир
Не знаете како да си направите точки додека се маникирате? Со врвот на обичните шноли, односно „топчето“ заборавете на тој проблем.
Точна количина лепило на вештачките трепки
На сите ни се има случено да нанесеме малку повеќе лепило врз вештачките трепки и да ги упропастиме. Со шнолата ќе нанесете онолку колку што е потребно без никаков проблем.
Направете четка за контурирање
Немате четка за контури и не ви се даваат пари за таа специјална намена? Поставете шнола на средината на четката и израмнете ги влакната. Имате нова плоската четка во рок од неколку секунди.
(О)Милена | Црнобело