Нови и необични начини за користење на козметичките производи
Во несесерот на секоја жена може да се најдат секакви козметички производи што се користат секојдневно за шминкање и нега на кожата.
Но, постојат нови и необични начини со кои овие производи може да се користат и за друга намена.
Кармин наместо коректор
Кога коректорот не ги покрива доволно темните кругови под очите, со четкичка нанесете кармин околу, а потоа ставете коректор, па продолжете со шминкање.
Лабело наместо масло за коса
Ако косата ви е разлетана или имате суви врвови, а немате масло за коса при рака, нанесете малку лабело.
Сјај за усни наместо гел за веѓи
Сјајот за усни може да ви послужи за обликување на веѓите.
Сенка за очи за боење на безбоен лак
Не мора да ги фрлате сенките за очи кои веќе не се во мода. Од нив направете си лак за нокти.
Маскара наместо туш за очи
Со четкичка земете малку од маскарата и исцртајте линија на капакот на окото.
Пудра за мат изглед на карминот
Сјајните кармини одамна не се во мода. За да постигнете мат изглед, со четка за пудра нанесете пудра, но не директно врз карминот, туку преку тенка хартија.
Руменило наместо сенка за очи
Обичното руменило може да замени сенка за очи ако немате при рака.
Бебешко масло за меки усни
Ако сакате меки и нежни усни, нанесете малку масло за бебиња пред да ставите кармин или може да ставите и врз карминот ако сепак се одлучите за сјаен изглед.
М. В. | Црнобело