7 начини како да се разубавите преку ноќ

Ноќта е најубаво време за третмани за убавина. Тоа е периодот кога целото тело се одмора и обновува, па ваше е да му помогнете во таа цел.

7-nacini-kako-da-se-razubavite-preku-nokj-09.jpg

Потребни ви се 7 чекори за буквално да се разубавите преку ноќ:

Ставете маска од алое вера на лицето

Сокот или гелот од алое вера ја избелува кожата, ги смирува мозолчињата и спречува формирање на брчки. Нанесувајте двапати неделно.

7-nacini-kako-da-se-razubavite-preku-nokj-01.jpg

Ставете масло со витамин Е под очите

Добра алтернатива се и рибиното или маслиновото масло. Само, бидете внимателно да не го нанесете преблиску до очите. Доволно е да ставите масло еднаш неделно.

7-nacini-kako-da-se-razubavite-preku-nokj-02.jpg

Нанесете рицинусово масло на трепките и веѓите

Тоа го поттикнува нивниот раст и густината.

7-nacini-kako-da-se-razubavite-preku-nokj-03.jpg

Нанесете кокосово масло на усните

Така ќе ги омекнете и ќе го спречите нивното пукање.

7-nacini-kako-da-se-razubavite-preku-nokj-04.jpg

Навлажнете ја косата

Измешајте неколку лажички јаболков оцет во вода, ставете во шише со распрскувач и напрскајте пред спиење.

7-nacini-kako-da-se-razubavite-preku-nokj-05.jpg

Омекнете ги рацете

Измијте ги, направете пилинг и масирајте ги. Нанесете хранлива крема. Ставете меки ракавици и преспијте со нив.

7-nacini-kako-da-se-razubavite-preku-nokj-06.jpg

Омекнете ги и нозете

Направете пилинг на нозете или истријте ги со турпија. Измијте, исушете и намачкајте со маслиново или кокосово масло. Облечете памучни чорапи и легнете.

7-nacini-kako-da-se-razubavite-preku-nokj-07.jpg

7-nacini-kako-da-se-razubavite-preku-nokj-08.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg