Женствени фризури со локни од познатите дами за лето 2017

Девојки, прегрнете ги локните оваа 2017 година. Без разлика дали вашата коса има брановидна форма или големи, волуменозни локни, постои совршена фризура за вас.

zenstveni-frizuri-so-lokni-od-poznatite-dami-za-leto-2017-01

Да, време е да престанете со исправувањето на косата и да го освежите изгледот со убави локни.

Ријана на едно неодамнешно појавување остави впечаток со брановидниот боб со патец на средина. Нејзините локни што потсетуваат на плажа се едноставно неодоливи.

Џиџи Хадид дефинитивно го има хит изгледот за лето 2017. Таа се појави со диско локни, цветен аксеосар во косата и сина сенка на очите. Уникатно и жешко.

Зое Кравиц повторно ги гази сите закони на универзумот и дава едно сосема ново ниво на фризурите. Плетенки и локни, храбро и креативно.

Бијонсе со своите волуменозни локни уште еднаш докажува дека е кралица.

Во сите форми и бои, еве како ги носат локните познатите дами:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg