Сте знаеле дека фарбањето на косата е еден вид зависност?
Без разлика дали ја бојадисувате за да ги прекриете седите влакна, или пак, за во потполност да ја промените вашата природна боја, ќе се сложите дека со свежо офарбана коса, едноставно се чувствувате подобро.
Дали некогаш сте се запрашале кои се психолошките ефекти од фарбањето на косата? Ова се одговорите на научниците:
Создава зависност
Психологот Вивиан Дилер објаснува дека фарбањето на косата создава зависност, на истиот начин на кој може да станете зависни од секојдневните активности, како шопингот и физичките активности.
Уште еден фактор кој влијае на создавањето на оваа зависност е досадата.
Секако, нема потреба од паника – најлошото што може да ви се случи е да бидете незадоволни од новата боја на косата или да ја оштетите со тек на времето.
Позитивно влијае на самодовербата
Научниците од Универзитетот Nottingham Trent спровеле истражување во кое зеле учество жени на возраст од 25 до 66 години, а дошле до заклучок дека фарбањето на косата може да ја подобри самодовербата кај жените.
По фарбањето на косата, дури половина од испитаничките потврдиле дека не би се срамеле да пејат или танцуваат пред потполни странци, како и дека фарбањето на косата ги направило подготвени да помогнат некому, да се пожалат, или пак, од некого да побараат услуга, како и унапредување или покачување на платата.
Жените со свежо офарбана коса покажале и поголема подготвеност да им се спротивстават на своите партнери, членовите на семејството и пријателите.
Се чувствуваат и попривлечно
Истражувањето на Универзитетот Nottingham Trent открило и дека, покрај тоа што ја зголемува самодовербата, фарбањето на косата ги прави жените поимпулсивни, покреативни, поатрактивни и попривлечни, но и поспремни да поднесат критика.
Половина од испитаничките потврдиле дека по фарбањето на косата, се чувствуваат поподготвени да го поканат мажот кој им се допаѓа на состанок, или пак, да иницираат секс со својот партнер.
Дами, вие сте на потег - која е вашата омилена боја?
М. А. | Црнобело