Шминкерка е мета на критики откако на бела жена ѝ даде африкански изглед
Трансформациите со шминка се секогаш причина да се воодушевуваме на вештите раце и истакнувањето на прекрасните женски црти.
Но, за една шминкерка од Лос Анџелес, работите не беа така сјајни по последната трансформација.
На Инстаграм ја објави пред и потоа фотката од бела жена со руса коса и светли очи, која по неколку минути ја претворила во жена со темен тен, кафеави очи и африкански изглед.
„Ова не е промена на расата. Ова е за жените да ја осознаат, возвишат и прослават убавината на културата на другите жени,“ се обиде да се одбрани девојката.
По коментарите, се чини - безуспешно:
https://twitter.com/rihonardo/status/868649091198222336
Наскоро постот беше избришан, со објаснување дека идејата не била негативна, но луѓето ја разбрале погрешно.
М. Д. | Црнобело