Летен тренд: Коса во боја на мандарина

Во пресрет на новото годишно време, сите посакуваат коса во нијанса на сочната овошка.

leten-trend-kosa-vo-boja-na-mandarina-1.jpg

Летото е најдобро време за експериментирање со косата, како со нејзината должина, така и со бојата. Тоа е и идеално доба за конечно да се одважите на жарките или несекојдневни бои, кои отсекогаш сте сакале да ги испробате, но сте немале доволно храброст да го направите тој чекор.

leten-trend-kosa-vo-boja-na-mandarina-2.jpg

А, ако баш и не сте спремни за розова или небесно сина коса, тогаш новиот тренд е најдобриот избор за вас, а според експертите за убавина – ќе биде вистински хит на летото.

Најновиот тренд е коса во боја на мандарина, односно светло портокалова нијанса, а баш како и сочното овошје, оваа боја ќе го освежи вашиот летен изглед. Наменета им е на сите девојки кои сакаат да експериментираат и испробуваат потполно поинакви нешта.

Воедно, по шарено бојадисаните коси инспирирани од еднорозите и тоновите на виножитото, конечно на сцена се враќа фарбањето на косата во само една боја. Сепак, оваа, речиси неонска нијанса, супер се комбинира со руси и црвени прамени, па слободно може да си поиграте со цела палета од бои на главата. Од друга страна, може да додадете и само неколку суптилни „мандарина“ прамени на својата природна коса.

Сè зависи од вашите желби и мечти, а ако ви недостасува инспирација, на Инстаграм ја има во изболие. Бојата на мандарина е исклучително популарна на социјалната мрежа, од каде и се разви трендот и прошири низ интернетот, а повеќето блогерки за мода и убавина веќе ја бојадисаа својата коса токму во оваа нијанса.

Без оглед на тоа дали ќе се одлучите да ја бојадисате целата коса, да извлечете само неколку или еден прамен, или, пак, да ја вклучите бојата на мандарина на било кој друг начин во вашата фризура – нема да погрешите.

Ова лето, впуштете се во нешто ново и поинакво.

Од галеријата во продолжение, пронајдете инспирација плус за вашиот нов изглед:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg