Тренди маникир: Нокти со тропски мотиви
Листовите, кактусите, палмите и цветовите се вистински хит во декорирањето на ноктите оваа сезона.
Полека, но сигурно, летото ни се приближува. Доколку сте нестрпливи, тогаш поканете го уште сега, барем со мал и симболичен детаљ. На пример, изберете си маникир со егзотична тема, пресликувајќи ги најубавите мотиви на ова сончево годишно доба на своите нокти.
Тапетите со тропски билки веќе долги години се користат во уредувањето на ентериерот. Сè започнало пред повеќе од седумдесет години, кога американските дизајнери за првпат ги претставиле тапетите со лисја од банана како мотив.
Денес, пак, ботаничкиот тренд одново станува хит, но тропските дезени веќе не се користат исклучиво за украсување на домовите. Сега дизајнерите претставуваат и „ботанички“ накит, „ботаничка“ облека, но и маникир инспириран од егзотичните билки.
Во класичната верзија, ваквиот маникир најчесто се изработува во пастелни бои, со темни и светли нијанси на зелена, или, пак, во црно-бела варијанта.
Од нашата галерија во продолжение, ѕирнете кои се омилените дезени на девојките за претстојните топли и игриви денови:
М. А. | Црнобело