Шминка за селфи: Како да изгледате убаво на фотките?

Ви ги откриваме 5-те клучни козметички производи, кои се најдобра алтернатива за фотошоп, а со нив нема да ви бидат неопходни долнителни филтери и ефекти.

shminka-za-selfi-kako-da-izgledate-ubavo-na-fotkite-6_copy.jpg

Не ви е потребно многу шминка за убав изглед на фотографиите, туку само неколку добро избрани козметички производи, кои сигурно веќе и ги имате во вашиот несесер.

Ако знаете дека на одреден ден мошне често ќе се фотографирате, или, пак, сакате да си направите селфи за нова профилна фотка, тогаш поиграјте си со нив и нема да зажалите:

Коректор

Коректорот ќе ги прикрие подочниците, дамките на лицето и црвенилото, а може да го повлечете низ целото лице и размачкате со прстите. На тој начин ќе добиете фотошоп ефект на лицето,, без тешките слоеви пудра, кои понекогаш знаат да му додадат и неколку години плус на ликот,

shminka-za-selfi-kako-da-izgledate-ubavo-na-fotkite-1.gif

Молив за усни

Не е важно за која нијанса се работи, ниту пак колкава е цената. Моливот убаво ќе ги нагласи вашите усни, со неколку вешти движења ќе ви помогне да ги коригирате малите неправилности, а и да им додадете волумен - нешта кои камерата ги обожува. Само, не претерувајте!

shminka-za-selfi-kako-da-izgledate-ubavo-na-fotkite-2.gif

Камена или пудра во прав

Ако на сите фотографии сјаете како да имате светки на ликот, тогаш пудрата за матирање ви е и повеќе од потребна. Сепак, немојте да ја нанесувате на цело лице, затоа што во тој случај светлината нема да ви ги нагласи образите. Со транспарентна пудра или онаа во прав, внимателно поминете ја само Т-зоната.

shminka-za-selfi-kako-da-izgledate-ubavo-na-fotkite-3_copy_copy_copy_copy.gif

Хајлајтер

Малку над јаболкниците, малку на носот, малку на внатрешниот дел од капакот – и суперѕвездата е родена!

shminka-za-selfi-kako-da-izgledate-ubavo-na-fotkite-4.gif

Туш или моливче за очи

Веројатно сте ги забележале селфи фотките на ѕвездите, каде славните дами носат дебела црна линија исцртана со туш за очи. Класичниот мачкаст потег изгледа одлично, не само во живо, туку и на камера, па секако испробајте го и вие.

shminka-za-selfi-kako-da-izgledate-ubavo-na-fotkite-5.gif

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Детали кои не ги забележувате во изгледот, но поради нив делувате неуредно Темни траги на прстите од прстените, неразмачкана пудра, остатоци од долготраен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg